Лежалка 200 денари, чаша вино 250: Какви се цените во Трпејца ова лето?

На плажите може да се најде слободна лежалка, а и рестораните не се преполни како што сме навикнати да ги гледаме во овој период од годината. Како се движат цените во Трпејца во лето 2024?

lezhalka-200-denari-chasha-vino-250-kakvi-se-cenite-vo-trpejca-ova-leto-01.jpg

Иако летната сезона е во полн ек, Трпејца, или македонското Сен Тропе, како што ја нарекуваат, не е преполна со туристи како изминатите години.

На плажите лесно може да се најде место и слободна лежалка.

lezhalka-200-denari-chasha-vino-250-kakvi-se-cenite-vo-trpejca-ova-leto-05.jpg

Ни рестораните не се преполни како што сме навикнати да ги гледаме во овој период од годината.

Или, можеби причината за тоа што во Трпејца немаше многу луѓе, беше тоа што ја посетивме среде недела, кога и локалците и жителите на околните места се на работа.

lezhalka-200-denari-chasha-vino-250-kakvi-se-cenite-vo-trpejca-ova-leto-03.jpg

Како се движат цените во ова прекрасно селце и излетничко место?

Една лежалка е 200 денари, а сет од две лежалки е 400 денари, без вклучен пијалак.

Нескафе е 100 денари, а другите кафиња се поевтини.

Чаша наливно вино е 250 денари.

Порција стек е 400 денари.

Рибата е од 650 денари, па нагоре.

lezhalka-200-denari-chasha-vino-250-kakvi-se-cenite-vo-trpejca-ova-leto-02.jpg

Доколку после посетата на Трпејца, решите да се качите на Галичица и да уживате во прекрасниот поглед што се протега пред вас (но и да земете здив од топлото време), за автомобил ќе треба да платите 250 денари и по уште 100 денари за секој човек.

Повеќе фотографии:

lezhalka-200-denari-chasha-vino-250-kakvi-se-cenite-vo-trpejca-ova-leto-10.jpg

lezhalka-200-denari-chasha-vino-250-kakvi-se-cenite-vo-trpejca-ova-leto-09.jpg

lezhalka-200-denari-chasha-vino-250-kakvi-se-cenite-vo-trpejca-ova-leto-08.jpg

lezhalka-200-denari-chasha-vino-250-kakvi-se-cenite-vo-trpejca-ova-leto-07.jpg

lezhalka-200-denari-chasha-vino-250-kakvi-se-cenite-vo-trpejca-ova-leto-04.jpg

А. Ј. | Црнобело / фото: С. С.

Би можело да ве интересира:

Драган Спасов Дац на ‘Мажи на годината 2024’: „Да си маж на годината во сопствениот дом, на својата ... „Има една категорија на којашто посебно ќе ѝ дадам значење, а тоа е маж на годин...
Славчо Попоски, метеоролог: „Снежен бран во Македонија – врнежи од снег и на пониските места“ „Од сабота, а особено во почетокот на следната седмица, врнежи од снег ќе има во...
Славчо Попоски, метеоролог: „Ќе има обилни врнежи од дожд, но и снег на повисоките места“ „Голем влажен бран ќе ја зафати територијата на Македонија денес попладне и наве...
Каролина Гочева објави забавни фотки од турнејата во Германија - Како патува со бендот, се спие дури... Од тоа како ја шминкаат пред настап до како патува со членовите од бендот и прав...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“ „Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg