Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“
- Детали
- среда, 18 септември 2024
„Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил за јадење? Четврт бурек со јогурт - 30 денари. Симит - 20 денари. Кифла со мармалад/крем - 10 денари...“
Се сеќавате ли на 90-тите со доза на носталгија? Тогаш како животот да беше поедноставен, темпото побавно, а цените дефинитивно пониски од денес.
Тогаш за 30 денари си купувавме одличен појадок, а денес за да го направиме тоа ни се потребни многу повеќе пари.
Четвртина бурек веќе се движи околу 100 денари, а ѓеврек околу 25 денари.
Статус на Македонец ни носи мирис на носталгија:
Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил за јадење?
- Четврт бурек со јогурт 30 денари.
- Симит 20 денари.
- Баничка 20 денари.
- Кифла со мармалад/крем 10 денари.
- Ѓеврек 10 денари.
- Крофна 10 денари.
- Смоки 10 денари.
- Соленки 10 денари.
- Сокче 10 денари.
- Полн џеб сончоглед 5 денари.
- Чокобисквит 10 денари.
- Метро/Албени 10 денари.
- Тост 30 денари и тоа со компири.
- Или можеби ќе си каснеш со љубов спакувано сендвиче од дома како и повеќето дечиња…
https://www.facebook.com/igor.elpadrino/posts/pfbid036hZuNnfBcsGSSswhiJQocT2RrTQJreQSRPFpT938w8TkoVpKq72PRDLRJ2nYvQcRl
С. С. | Црнобело / фото: freepik.com