Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заглавен во институциите - На почетокот на ноември ни се заканува медиумски мрак

И покрај сите напори на операторите да се реши проблемот со спорниот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги решение се уште нема. На 8. ноември истекува рокот за пререгистрација на каналите предвиден со Уредбата за измена на Законот донесена во време на вонредна состојба.

zakonot-za-audio-i-audiovizuelni-mediumski-uslugi-zaglaven-vo-instituciite-na-pochetokot-na-noemvri-ni-se-zakanuva-mediumski-mrak-01.jpg

По истекот на рокот, операторите ќе бидат принудени да ги исклучат телевизиските канали, освен јавниот програмски сервис МТВ што ќе значи информативен мрак и ненадоместливи последици за граѓаните, слободата на медиумите и слободниот пристап до информации, индустријата за електронски комуникации, но и за државата.

И покрај конфузијата која произлезе од донесувањето на овој закон, решение постои, но е заглавено во институиите. Операторите поднесоа Иницијатива до Уставниот суд во февруари годинава за оценување на уставноста на овие одредби од Законот, за што Уставниот суд сеуште нема донесено одлука. Постои и друга солуција, односно бришење на спорните членови од Законот.

„Едната солуција е законското решение да биде изменето, односно да биде избришан членот 143, став 3 и 4. Или втората варијанта е да се прифати нашата иницијатива, која е на разгледување пред Уставен суд. Во спротивно ние по сила на Закон, кој што е стапен во сила и правилниците што ги има донесено Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги не сме во можност да ги пререгистрираме странските канали со оние фамозни изјави кои што треба да ги дадат одговорните лица на странските радиодифузери, но и одговорните лица на операторите кои вршат реемитување, што е нон сенс, спротивно на европската пракса“. - Благој Христов, Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија каде членуваат сите оператори.

Спорните членови во Законот за медиуми, донесени на почетокот на годинава им наметуваат на операторите обврска да гарантираат за авторските права на странските радиодифузери кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална  одговорност. Тоа значи дека на операторите им се наметнува одговорност за туѓи дејствија, што е правно целосно неиздржано, спротивно на Уставот и не постои во ниту една држава во рамките на Европската Унија.

Доколку наскоро власта и институциите не го решат проблемот, граѓаните ќе останат без телевизиска понуда и информации, што е особено загрижувачки во време на ковид криза, кога информациите голем дел од граѓаните ги црпат токму преку телевизиските вести и другите програми.

Би можело да ве интересира:

Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Вирален статус на Македонка против сите што шират предрасуди: „Вработена, а бара помош – како не ѝ е... „Не смее да пие кафе, не смее да има другарки, од каде пари за кафе, уште малку ...
Мала глумица како мама и тато – Првите кадри на ќерката на Емра Куртишова и Петар Стојановски „Првиот филм на Лена“ – напиша Емра Куртишова на фотките во кои се гледаат првит...
Денес се слави Света Великомаченичка Екатерина – Што треба да направат оние што трагаат по среќен бр... Именден слават Катерина, Катица, Ката, Катја... Постои верување дека девојките ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg