Денес се слави Света Великомаченичка Екатерина – Што треба да направат оние што трагаат по среќен брак?

Именден слават Катерина, Катица, Ката, Катја... Според верувањата, што треба да направат девојките што сакаат да ја запознаат љубовта на својот живот или да имаат среќен брак?

se-slavi-sveta-velikomachenichka-ekaterina-shto-treba-da-napravat-onie-shto-tragaat-po-srekjen-brak-01.jpg

На 7-ми декември православните христијани го слават денот посветен на светата великомаченичка Катерина.

Катерина била ќерка на царот Конста, која по смртта на татко ѝ живеела со својата мајка во Александрија. Мајка ѝ потајно била христијанка, која ја пренела својата вера и на ќерката.

Таа била мошне убава и образована девојка, а голем број мажи од околината, како и од царското семејство посакувале да стапат во брак со неа. Таа дала збор дека ќе се омажи само со оној маж кој бил пославен, побогат, поубав и помудар од неа.

se-slavi-sveta-velikomachenichka-ekaterina-shto-treba-da-napravat-onie-shto-tragaat-po-srekjen-brak-02.jpg

Според преданијата, по молитвите кон Богородица, Исус Христос ја дарувал со прстен, што таа го протолкувала како веридба со него и останала целиот живот да го живее посветена на Бога и на христовата вера.

Во една пригода царот Максениј, кој бил против христијанството, бил разобличен од Екатерина, па повикал 50 мудреци за да ја надмудрат светицата. Екатерина однела победа, а царот наредил сите 50 мудреци да бидат запалени.

Пред смртта, по наговор од Екатерина, овие мудреци го примиле христијанството и се исповедале.

Кога имала 18 години Екатерина била фатена, измачувана и убиена, а според преданијата од нејзиното тело наместо крв, потекло млеко.

se-slavi-sveta-velikomachenichka-ekaterina-shto-treba-da-napravat-onie-shto-tragaat-po-srekjen-brak-03.jpg

Меѓу православниот народ постои верување дека Света Екатерина е заштитничка на сите млади девојки што сѐ уште чекаат да ја запознаат љубовта на својот живот.

Именден слават Катерина, Катица, Ката, Катја...

Се верува дека секоја девојка што сака да ја запознае љубовта на својот живот или да има среќен брак, треба секоја вечер да ѝ се моли на Света Екатерина, во период од 40 дена, и нејзината желба ќе биде исполнета.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg