Мала глумица како мама и тато – Првите кадри на ќерката на Емра Куртишова и Петар Стојановски
- Детали
- петок, 08 март 2024
„Првиот филм на Лена“ – напиша Емра Куртишова на фотките во кои се гледаат првите снимки на нејзината 4-месечна ќерка. Со оглед на тоа што и двајцата родители ѝ се врвни актери, на малата Лена ѝ е судено да порасне на малите екрани и на „штиците што живот значат“.
Често луѓето знаат да речат дека „крушата под круша паѓа“, а на малата Лена по сѐ изгледа ѝ е предодредено да биде актерка.
Нашата актерка Емра Куртишова, која се прослави со улогата на Исаура во серијата „Преспав“, на Инстаграм објави фотки од 4-месечната ќерка Лена и откри дека таа веќе имала можност да игра во нејзиниот прв филм.
„Првиот филм на Лена. Мала актерка“ – напиша Емра до фотките.
Инаку, во првиот кадар имаме можност да ја видиме Лена во рацете на нејзиниот татко, актерот Петар Стојановски, а во вториот кадар таа е потпрена врз голата кожа на нејзината мајка.
За потсетување, Емра за последен пат се појави во јавност на „Златна бубамара на популарноста“, каде имаше чест да му ја додели наградата за трајни вредности на пејачот Жељко Самарџиќ.
Таа во изминатиот период играше и во филмот за пејачот Џеј Рамадановски, насловен „Недеља“, а како што може да се види, наоѓа начин совршено да ги вклопи мајчинството и кариерата.
Прочитајте и Емра Куртишова: „Лена уште во стомакот реагираше на гласот на татко ѝ, а сега се топи кога тој ќе ѝ прозбори“
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм