„Добредојде ќерко Лена“ - Исаура од „Преспав“ стана мајка, 4 месеци по свадбата со колегата Петар Стојановски
- Детали
- понеделник, 30 октомври 2023
Актерите Емра Куртишова и Петар Стојановски станаa родители, четири месеци откако направија свадба, и ја изненадија јавноста, бидејќи популарната Исаура од „Преспав“ ја криеше бременоста.
Актерката Емра Куртишова, познатата Исаура од серијата „Преспав“, стана мајка.
Таа роди ќерка на која, со сопругот Петар Стојанов, ѝ го дадоа името Лена.
Емра објави фотографија од рачето на бебето на Инстаграм и откри дека добила ќерка.
„Добредојде бебе Лена. Те сакаме до Месечината и назад“, напиша таа на сторито.
Актерката, која ретко зборува за својот приватен живот, ја криеше бременоста од јавноста, па ги ја изненади фановите со објавата дека се породила.
И нејзиниот сопруг, актерот Петар Стојанов, не ја криеше радоста од раѓањето на бебето.
„Емра ми ја подари најголемата среќа. Ни се роди ќерка... Лена... Нека е жива и здрава“, напиша тој на Фејсбук и доби многу честитки од своите пријатели.
Емра и Петар се венчаа во јуни 2023, по три години врска.
Во моментов актерката е актуелна и по улогата во филмот „Недеља“, посветен на животот на легендарниот српски пејач Џеј Рамадановски.
Таа во филмот ја глуми неговата мајка.
https://www.facebook.com/1247412530/posts/10223380129191924/
A. J. | Црнобело