Дознајте каде се крие зајакот со апликацијата Skopje ZOO - Подарок билет за сите Magenta 1 корисници

Домашниот зајак е еден од најпосетуваните жители на Зоолошката градина. Неговиот дом е лесно пристапен и отворен за посетителите, а можете да го најдете со помош на апликацијата Skopje ZOO.

doznajte-kade-se-krie-zajakot-so-aplikacijata-skopje-zoo-podarok-bilet-za-site-magenta-1-korisnici-01.jpg

„Каде се крие зајакот?“ е прашање кое често го поставуваме фигуративно, а сега прашуваме и буквално „Каде се крие зајакот?“, за да дознаеме каде е неговото живеалиште во ЗОО Скопје. Одговорот на ова прашање ќе го дознаете со помош на апликацијата Skopje ZOO, односно со користење на дигиталната мапа.

Домашниот зајак е добро познато животно на овие простори и многу често се сретнува како домашен миленик во семејствата, особено во оние со мали деца. Неговите долги уши и кратко опавче го прават зајакот многу допадлив, а симпатичното мрдање на носот ќе ве освои уште на првиот поглед. Но, внимателно кога им пристапувате на зајаците, бидејќи се плашливи и брзо ќе избегаат од вас, доколку ве доживеат како закана.

Македонски Телеком ја создаде апликацијата Skopje ZOO за да им овозможи на посетителите полесно да ја организираат нивната следна посета, да се ориентираат во просторната зоолошка градина и да научат нешто повеќе за животните кои живеат во неа.

Покрај можноста за купување билет онлајн, преку апликацијата можете да го лоцирате секое животно кое сакате да го посетите со помош на дигиталната мапа. А откако ќе го најдете, скенирајте го кодот кој се наоѓа пред неговото живеалиште за да дознаете нешто повеќе за неговиот вид и потекло, за неговите навики, начинот на исхраната и многу други информации.

Сите корисниците на Magenta 1 промотивно добиваат бесплатен билет за посета на Скопје ЗОО, кој може да се искористи до 31 октомври. Секоја мобилна линија од Magenta 1 фамилијата може да го активира бесплатниот електронски билет само преку TelekomMK апликацијата. Имајте го билетот на вашиот смартфон, покажете го на билетарница и избегнете го редот.

Skopje ZOO е достапна за сите посетители, едноставна е за користење и ја има во три јазични верзии.

Преземете ја бесплатно од:

App Store

doznajte-kade-se-krie-zajakot-so-aplikacijata-skopje-zoo-podarok-bilet-za-site-magenta-1-korisnici-02.png

Google play

doznajte-kade-se-krie-zajakot-so-aplikacijata-skopje-zoo-podarok-bilet-za-site-magenta-1-korisnici-03.png

Активирајте го електронскиот билет преку TelekomMK апликацијата, преку категоријата „Промотивен билет за Скопје ЗОО“.

Би можело да ве интересира:

Вирален статус на Македонка против сите што шират предрасуди: „Вработена, а бара помош – како не ѝ е... „Не смее да пие кафе, не смее да има другарки, од каде пари за кафе, уште малку ...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg