Зошто топлинските пумпи за ладење и греење се иднината за економичен дом?
- Детали
- четврток, 04 јуни 2020
За време на летниот период, секое домаќинство се труди да ја постигне идеалната температура на домот, а тоа понекогаш знае да донесе вртоглаво високи сметки за електрична енергија.
Следејќи ги светските трендови, компанијата VIVAX на македонскиот пазар го нуди најефективното и најефикасното решение за постигнување на посакуваната температура во домот.
Тројна добивка - топла вода во домот, греење и ладење во текот на целата година, сега достапно со новите VIVAX топлински пумпи, кои енергијата ја добиваат преку апсорбирање на топлината од воздухот и преку соларниот греач за вода. Следејќи ги трендовите на 21от век, компанијата VIVAX инвестира во најдобрата технологија. Со тоа, преку воведување на новите топлински пумпи, придонесува за заштита на животната средина искористувајќи ги природните ресурси за задоволување на потребите на потрошувачите.
Преку сплит системот на VIVAX топлинските пумпи, се дава можност за поврзување на апаратите во домаќинството за ладење, греење и топла вода. Автоматскиот режим со вградениот сензор за регулирање на температурата овозможува секое домаќинство да може да го прилагоди времето кога да се вклучи ладењето или греењето на просторијата, односно домот. За да бидеме сигурни дека нема да ја загадуваме просторијата во која нашите најмили го поминуваат времето, тука е системот за дезинфекција кој е вграден во самите топлински пумпи.
Главните причини, зошто секое домаќинство треба да инвестира во VIVAX топлински пумпи се следните:
- до 75% пониски трошоци за електрична енергија
- можност за греење при температура од -25 степени целзиусови и ладење при температура од -15 степени целзиусови
- добивање на домашен резервоар за топла вода во секое време
- регулирање на топлинската пумпа преку мобилниот телефон
- инвестиција со која максимално се заштитува животната средина
Секој ја посакува идеалната температура во својот дом, односно ладен дом во топлите летни денови и топол дом во ладниот зимски период. Доколку долгорочно размислувате за вашето здравје и здравјето на вашите деца, без размислување треба да инвестирате во најекономичното и најеколошкото решение од иднината.