Франц со семејството на Хаваи: Бакнежи со сопругата, ќерките модно усогласени со мајка им (фото)
- Детали
- среда, 17 април 2024
„Благодарни за секој бран, за секое ‘алоха’ и секое зајдисонце во рајот,“ напиша на Инстаграм Ема, сопругата на Франц, некогашниот член на „Нокаут“.
Владимир Крстевски Франц, поранешниот член на групата „Нокаут“, со години живее и работи во Калифорнија.
Таму е со сопругата Ема, со која е во брак од 2014 година, а со која има две ќерки, Мелоди и Мона.
Иако ретко споделуваат семејни моменти, тие неодамна беа на летување на Хаваи, од каде што Ема скоро секојдневно објавуваше фотки и видеа и откри како си поминале.
„Благодарни за секој бран, за секое ‘алоха’ и секое зајдисонце во рајот,“ напиша Ема на Инстаграм.
Таа сподели фотографии од плажа, на кои е сама, но и со ќерките, како разменува бакнежи со Франц, а и од нивните прошетки по островот.
На една од фотографиите таа е модно усогласена со своите девојчиња, а трите носат исти сино-жолти фустани.