Голем дел од клиниките обезбедени со заштитни маски испечатени на 3D принтери
- Детали
- петок, 27 март 2020
Во изминативе два дена екипата на иницијативата за печатење медицинска опрема работи со полна пареа. Целата иницијатива започна со неколку 3D принтери, а моментално се работи со над 50.
Со ова темпо планот е да се изработат најмалку 6.000 заштитни маски со визири во најкраток можен рок.
Во текот на вчерашниот ден беа доставени околу 500 маски во следниве институции: ЈЗУ Урологија, ЈЗУ УГАК, Институт за трансфузиона медицина, ЈЗУ Гастроентерохепатологија, Клинички Лаборатории, ЈЗУ Хематологија, ЈЗУ ОРЛ, ЈЗУ Кардиологија, ЈЗУ Неврологија, ЈЗУ Неврохирургија, ЈЗУ Радиологија ЈЗУ Онкологија, ЈЗУ Пулмологија, ТБЦ Институт, ЈЗУ Дигестивна хирургија, ЈЗУ Торакална хирургија, Општа Болница Куманово и Итна Помош Куманово. Покрај готови маски материјал за работа е испртен до сите помали производствени групи по градовите низ државата. Планот за текот на утрешниот ден е да се завршат сите Јавни здравствени установи во Скопје и согласно со ресурсите да продолжиме и реализираме што повеќе Јавни здравствени установи низ цела Македонија. Во целиот процес нема да бидат изоставени и матичните лекари и колку што сме во можност ќе помогнеме и кај приватните здравствени установи.
Иницијативата на facebook групата:
https://www.facebook.com/groups/930629214035361/?ref=share