Ико од Скопје ја запроси саканата Марија во Торино: Латици од рози, свеќи и солзи радосници

„Не очекував да ме запроси на ова патување, па кога ми ја стегна раката, знаев дека ова ќе биде моментот кога ќе ја овековечиме нашата љубов. Почнаа да ми навираат солзи радосници, се тресев од возбуда“, раскажува Марија од Скопје за романтичното запросување во Италија.

iko-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-marija-vo-torino-latici-od-rozi-svekji-i-solzi-radosnici-01.jpg

Ико Ташов (31) од Скопје ја запроси својата девојка Марија Михаилова (23) во Торино, Италија, на патување на кое заминале за да гледаат натпревар на Juventus, неговиот омилен клуб.

Токму поради тоа, Марија не ни помислувала дека Ико ѝ подготвува романтично запросување.

Марија е дипломиран економист и работи како соработник за таленти, а Ико е магистер по односи со јавност, кој работи во секторот за маркетинг и комуникации.

Се запознале преку социјалните мрежи и во разговорот сфатиле дека живеат близу еден до друг, но и дека завршиле во исто училиште.

За запросувањето и нивната љубовна приказна, Марија раскажа за CRNOBELO.com:

„Комунициравме долго време преку социјалните мрежи и сфативме дека имаме многу заеднички работи, иако никогаш не сме имале директен контакт.

По извесен период почувствувавме дека се надополнуваме, дека сакаме слични или исти работи, едноставно енергијата се поклопи кога и двајцата најмалку очекувавме.

Запросувањето ми беше вистинско изненадување. За заеднички живот сме разговарале неколкупати, но секогаш тие планови биле за некоја подалечна иднина.

Убедена бев дека нема да ме запроси кога ми предложи да одиме во Торино на натпревар на неговиот омилен фудбалски клуб Juventus.

Воопшто не помислив на запросувње, бидејќи верував дека тоа патување сака да го памети само по остварување на неговиот сон, да следи натпревар на Juventus директно од трибините на нивниот стадион.

iko-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-marija-vo-torino-latici-od-rozi-svekji-i-solzi-radosnici-05.jpg

Дента кога ме запроси, однапред знаевме каде ќе шетаме и што ќе посетиме, бидејќи претходно истажувавме и откривме дека во Торино има прекрасни места за разгледување - многу тврдини, музеи, плоштади...

Се искачивме на Chiesa di Santa Maria del Monte dei Cappuccini, место од каде што можевме да го видиме целиот град и место кое воодушевуваше со својот изглед.

Понесени од убавините на градот, тргнавме да откриеме нови локации, места кои сами по себе сведочат за едно минато, едноставно, како секое ќоше да има своја историја.

По разгледот на градот, одлучивме да пробаме италијанска храна. Со нас беа и другарот на Ико и неговата свршеница (Кико и Пепа), кои предложија да одиме во ресторан кој се наоѓаше подалеку од нас, а јас не знаев дека таков ресторан воопшто не постои, туку бил изговор.

iko-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-marija-vo-torino-latici-od-rozi-svekji-i-solzi-radosnici-03.jpg

По пат Ико нестрпливо, на секои 5 минути, прашуваше уште колку има до ресторанот без да знам што всушност ме чека таму.

Кога конечно стигнавме на Плоштадот San Carlo, каде што наводно се наоѓал ресторанот, Ико цврсто ме фати за рака и тргнавме кон предната страна на споменикот на плоштадот.

Тогаш во далечина здогледав две познати лица. Тука започна мојот шок, затоа што не ми се веруваше што гледам.

Тоа беа мојата сестра Елена и нејзиниот свршеник Мики, кои без мое знаење дошле во Торино за да му помогнат на Ико да го реализира изненадувањето за мене.

Како се приближувавме кон местото каде што имаше срце направено од свеќи и црвени рози, возбудата кај мене сè повеќе растеше, а срцето побрзо ми чукаше.

Кога стигнавме на местото за запросување, Ико го извади прстенот, клекна на колено и со емотивни зборови ме побара да бидам негов животен сопатник.

iko-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-marija-vo-torino-latici-od-rozi-svekji-i-solzi-radosnici-04.jpg

Бидејќи не очекував да ме побара на ова патување, уште кога ми ја стегна раката и кога го видов срцето, знаев дека ова ќе биде моментот кога ќе ја овековечиме нашата љубов.

Во истиот момент почнаа да ми навираат солзи радосници, се тресев од возбуда, со еден збор - бев пресреќна.

Во текот на целиот ден не осетив дека тој има трема, но веднаш откако ме запроси, со емоции ми раскажуваше дека уште кога ми ја стегнал раката, почнале да го обземаат емоции и возбуда. Тоа не може да се опише со зборови, туку треба да се доживее.

Прстенот ми е точен, го бирал со сестра му Настасја и навистина ми е погоден.

Инаку, сите наши блиски знаеле за запросувањето и навистина многу му помогнале во организацијата.

Откако ме побара за сопруга, веднаш се јавивме на нашите најблиски за да ја споделиме нашата радост. Иако и тие однапред знаеле дека Ико се одлучил да ме запроси во Торино, сепак беа пресреќни за нас.

iko-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-marija-vo-torino-latici-od-rozi-svekji-i-solzi-radosnici-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тони од 2Бона за анксиозноста: „На 17 години ми препишаа антидепресиви, бев како фикус“ „Многу млад посегнав по нешто што не треба. Еден ден се разбудив со паничен напа...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg