Филмот „Врба“ раскажан со рапување во „Еден на Еден“
- Детали
- петок, 22 ноември 2019
Оваа недела, во „Еден на Еден“ гостуваат четири актери од хит-филмот „Врба“ на Милчо Манчевски: Сара Климоска, Никола Ристески, Наталија Теодосиева и Благоја Чоревски- Чоре.
Сара и Никола, освен што се партнери во филмот во средновековната приказна се и приватно добри пријатели и колеги од факултет. Тоа најдобро се виде во специјалната рап точка која ја изведоа на крајот на емисијата. Во Freestyle рапот, Никола и Сара на оригинален начин раскажаа дел од приказната на „Врба“.
Наталија Теодосиева, откри дека е поранешна балерина и изведе интересна балетска точка, а легендата Благоја Чоревски- Чоре раскажа многу анегдоти од богатата кариера.
Во недела, на Канал 5, од 18.30 ќе ги гледаме актерите од „Врба“ во едно сосема неочекувано издание. Во меѓувреме, погледнете ја најавата за емисијата: