Денес се слави Свети Никола Чудотворец – Заштитник на домот и на сиромашните

Свети Никола е најчестата слава во македонските домови. Се верува дека овој светец е заштитник на домот и на сиромашните, а именден слават: Никола, Коле, Николај, Ники, Николина...

se-slavi-sveti-nikola-chudotvorec-zashtitnik-na-domot-i-na-siromashnite-01.jpg

Православните христијани на 19-ти декември го слават празникот Свети Николај Чудотворец. Вечерта помеѓу 18-ти до 19-ти се подготвува посна вечера, наречена „заслуг“ што најчесто се состои од посна трпеза на која најчесто има гравче, риба и леб.

Според некои верувања, во домот не треба ништо да се прави ден пред и по славата, а храната што ќе се служи за време на вечерата да биде подготвена еден ден претходно.

Свети Николај или Свети Никола, уште е познат и како Никола Чудотворец, или Архиепископ Мираклиски.

se-slavi-sveti-nikola-chudotvorec-zashtitnik-na-domot-i-na-siromashnite-03.jpg

Свети Никола бил син единец на своите богати и угледни родители, Теофан и Нина, и живеел во градот Патара во Ликија.

Затоа што им бил син единец, даруван од Бога, тие одлучиле детето својот живот да му го посвети на Бога.

Знаењето за духовниот живот Никола го стекнал преку својот чичко Николај, епископот Патарски и се замонашил во манастирот „Новиот Сион“, а по смртта на своите родители, целиот свој имот го раздал на сиромашните и ништо не задржал за себе.

Затоа, денес се смета дека Свети Никола е заштитник на домот, на сиромашните и кај нашиот народ многу често се слави како куќна слава. За неговото име се врзувале легенди дека тајно ги дарувал сиромашните, често оставајќи пари во чорапи или во чевли.

se-slavi-sveti-nikola-chudotvorec-zashtitnik-na-domot-i-na-siromashnite-02.jpg

Оваа приказна за неговата големина и добродушност еволуирала и помогнала да се создадат легендите за Дедо Мраз.

Исто така, се верувало дека Свети Никола многупати ги спасувал изгубените бродови, па затоа се смета за заштитник на морепловците, рибарите и бродовите.

Подеднакво го слават и православните и католиците, но и протестантите.

Освен како слава, Свети Никола се слави и како именден на Никола, Николај, Коле, Ники, Николина...

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg