Добредојдовте на најдобриот сајт во Македонија!
- Детали
- понеделник, 26 декември 2016
Можеби звучи нескромно, но ретко се фалиме, а годинава имаме и зошто. Едноставно кажано – полни сме со емоции и мерак ни е да го споделиме ова со сите вас, затоа што вие сте најголемите виновници за нашиот успех и нашата најголема инспирација и мотивација.
Заокружуваме уште една година. 2016-та за CRNOBELO.com беше најуспешна до сега во нашето 8 годишно постоење:
- Успеавме да ги срушиме сопствените рекорди за посетеност
- Надминавме над 200.000 фанови на нашата Фејсбук страница
- Го зголемивме тимот
- Многу ваши текстови си најдоа место во нашето катче „Сакам да пишувам“
- Успеавме да пласираме најмногу авторски содржини до сега
- Поддржавме многу проекти на невладини организации во добри цели
- Се надеваме дека успеавме да расположиме многу од вас, да научите нешто и да пронајдете инспирација во нашите статии.
Изминатава недела на наше огромно задоволство се закитивме со две награди и признанија.
Бевме прогласени за премиум STUBRAND – прв избор на студентите. Особено значајно за нас затоа што студентите се голем процент од нашата публика, наши редовни критичари и искрени пријатели.
Пред два дена на манифестацијата „Сајт на годината“ го добивме првото место во категоријата најдобар сајт во Македонија за 2016-та година. Ова ни е прва награда во оваа категорија и особено значајна затоа што е вистинско признание за нашиот труд низ годините.
Ви благодариме на сите вас за големата доверба и навистина ни е драго што го цените трудот на нашиот тим.
Годинава вистинскиот „зачин“ на CRNOBELO.com беа текстовите на нашите - Буџак, Марина, Милена, Михаела, Софија, (О)Милена, Бети, Сања. Секојдневно од нашите канцеларии будно ги следат вашите критики, коментари и барања: Маја, Еми, Наташа, Моника, Игор. А, за беспрекорното функционирање на CRNOBELO.com се грижат Игор и Зоки.
Едно е сигурно – во 2017 продолжуваме помотивирани и со нови цели.
Вам Ви посакуваме среќни празници, поминете прекрасни моменти со вашите најблиски, бидете безгрижни барем за момент, прегрнувајте се и споделувајте љубов.
И секако, читајте CRNOBELO.com, ние работиме 24/7 :-)