STUBRAND – изборот каде што се цени мислењето на студентите
- Детали
- петок, 16 декември 2016
Една од светлите точки во моментов во нашата земја е дефинитивно изборот за STUBRAND на Македонија кој годинава се одржа по втор пат. Студентите имаа можност повторно да покажат со кои брендови во земјава имаат емотивна поврзаност.
Фактот дека годинава CRNOBELO.com се здоби по втор пат со признанието и тоа годинава за PREMIUM STUBRAND, ни кажува дека сме на добар пат и дека трудот на нашиот тим навистина се цени.
Студентите се нашите верни и будни критичари, публика која редовно ги следи нашите содржини и често пати се вклучува со сопствени теми на нашиот портал.
Во годинешното STUBRAND истражување учествуваа 1.024 студенти од сите универзитети во Македонија, чии ставови беа мерени преку уникатна методологија, која од студентите бара во најбрз можен рок да ја искажат првичната и најбрза (импулсивно-емотивна) реакција поврзана со конкретниот бренд, со кликање на една од понудените опции: Love, Like, Neutral, Dislike, Hate и Don’t Know.
Останати брендови кои се здобија со статуетката STUBRAND годинава беа:
24 Вести, Ladna, Dobra Voda, Alkaloid AD, Good Nature Tea, СКОПСКО, SPARKASSE BANK, MoneyGram Macedonia & Moneta, Kouzon, Rapsody Travel & Events Macedonia, B-Watch, Antenna5, Golden Art и Telekabel.