Синот на Слаткар и Сања наполни 5 години - Роденденска Лего забава и торта со нинџа за малиот Моша
- Детали
- среда, 16 април 2025
Со блиски пријатели и многу другарчиња на Моша, Сања и Слаткар го прославија 5-тиот роденден на синот Моша.
Моша, синот на Марко Маринковиќ Слаткар и Сања Николиќ порасна.
Тој вчера (15.04) наполни 5 години, а роденденот го прослави во игротека со многу дечиња, но и пријатели на Слаткар и Сања.
Роденденот го славеа во ресторан со игротека, а тема на забавата беше „Лего“.
На роденденската торта на Моша имаше фигура нинџа и неколку Лего коцки, како и свеќичка со бројот 5, кој момчето ја дувна заедно со своите родители.
Пред роденденот, Слаткар го однесе синот на потстрижување, па на Инстаграм Стори објави и видео како бербер му ја дотерува фризурата на Моша пред забавата.
Погледнете уште неколку фотографии:
Прочитајте и Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





