Полина Тасева го прослави 32-иот роденден - долгоногата убавица ги дувна свеќичките на тортата со саканите
- Детали
- вторник, 15 април 2025
Полина Тасева со својот одличен вокал дојде како вистинско освежување на нашата музичка сцена, а таа со право го носи и прекарот „девојката со најубави нозе на македонската естрада“. Сега, дува свеќички на роденденската торта со саканите до себе по повод нејзиниот 32-ри роденден.
Полина Тасева, македонска оперска и поп пејачка, го прослави својот 32-ри роденден, а на својот Инстаграм профил објави фотографии на кои дува свеќички.
Стави краток опис: „Мојот ден“.
Таа важи за девојката со најубави нозе на македонската естрада.
Инаку Полина има дипломирано на отсекот за соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2016 година, а во 2019 година завршила магистерски студии по интерпретација и композиција.
Во текот на студиите настапувала на концерти организирани од ФМУ и со оркестарот на Националната опера.
Во 2015 година добила награда за впечатлив глас на натпревар во Софија и била избрана да учествува на престижниот натпревар „Романсиада“ во Москва.
Нејзината прва песна е „Broken“. Потоа ги имаше авторските песни „Игра“ и „Сѐ се врти во круг“, со кои настапи на фестивалот „Макфест 2020“, каде што ја освои наградата за најдобар дебитант.
Во 2021 година се претстави со песната „Огледало“.
Исто така, е членка на битолското кабаре „Gold Felicia“.
Кликнете на видеото:
Повеќе фотки од нејзиниот роденденски ден:
Прочитајте и Полина Тасева: „Во битолското кабаре се пронајдов себеси, секое излегување на сцената е нов предизвик“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





