Полина Тасева: „Во битолското кабаре се пронајдов себеси, секое излегување на сцената е нов предизвик“

„На еден настап во кабарето снема струја и ние останавме во темница на сцената. Тогаш голем дел од публиката ги вклучи светлата од мобилните телефони и направија магична атмосфера“, вели за CRNOBELO.com Полина Тасева, пејачката која има и огромен талент за цртање.

polina-taseva-vo-bitolskoto-kabare-se-pronajdov-sebesi-sekoe-izleguvanje-na-scenata-e-nov-predizvik-70.jpg

Полина Тасева е магистриран оперски пејач, но долго време е присутна и во светот на поп музиката.

Таа е еден од членовите на битолското кабаре Gold Felicia, а во моментов работи и на многу нови проекти, меѓу кои и на песната што ќе ја испее на Макфест 2024 на крајот на октомври.

polina-taseva-vo-bitolskoto-kabare-se-pronajdov-sebesi-sekoe-izleguvanje-na-scenata-e-nov-predizvik-63.jpg

Иако денес музиката ѝ е и професија и голема љубов, Полина отсекогаш го сакала балетот, а играла и во детски театарски претстави.

Но, малкумина знаат дека таа има неверојатен талент за сликање и сака да црта, па во времето на пандемијата постојано беше со четките и боите во раце и создаваше мали уметнички дела.

polina-taseva-vo-bitolskoto-kabare-se-pronajdov-sebesi-sekoe-izleguvanje-na-scenata-e-nov-predizvik-42.jpg

За музичката кариера, актерството и балетот и по нешто малку за приватниот живот, Полина раскажа во интервјуто за CRNOBELO.com:

Веќе неколку години си дел од битолското кабаре Gold Felicia... Дали ти е сè уште ти е предизвик и адреналин секој викенд да излегуваш на сцената?

Веќе минува и третата година откако започна кабаретската приказна.

Тоа е сцена која секогаш носи нешто ново во моментот на изведбите, проследена со прекрасни танчери, интересни кореографии и богати костими.

И секогаш предизвик затоа што никогаш не знаеш што те очекува.

Секоја песна е соодветно избрана за изведувачот, за настапот да биде оригинален од сите аспекти.

Костимографијата е уште една перспектива која носи возбуда и прави да се чувствувам посебно кога ќе се појавам на сцената.

Секој костим што го носам е креиран и скроен само за мене и моите точки.

И да, секој викенд сè уште е возбудлив затоа што сум опкружена со луѓе кои ги почитувам, и работам работа која се нарекува - задоволство.

polina-taseva-vo-bitolskoto-kabare-se-pronajdov-sebesi-sekoe-izleguvanje-na-scenata-e-nov-predizvik-30_copy.jpg

polina-taseva-vo-bitolskoto-kabare-se-pronajdov-sebesi-sekoe-izleguvanje-na-scenata-e-nov-predizvik-10.jpg

Кажи ми нешто повеќе за кабарето - аудициите, првиот настап, колку се сменија работите низ сезоните?

Целиот овој период вложувам во себе и целам да бидам беспрекорна на моите настапи.

Како од самиот почеток, така и сега ме водат адреналинот и слободата што ги чувствувам кога пеам.

Во кабарето им се дадоа шанси на најдобрите, и сè уште функционираат како такви сите што се таму - од пејачи до танчери. И токму тие го заслужуваат своето место таму.

Неодамна имаше аудиција за нови артисти, актери и пејачи кои со својот талент ја збогатија програмата.

Нормално е да има промени од почетокот до сега, но сето тоа води кон уште поуспешни шоуа.

Најважно е екипата да функционира и да се задржи квалитетот на целокупниот проект.

Се случуваат позитивни промени, а ние се градиме преку искуството кое не може да се наметне освен да се доживее.

polina-taseva-vo-bitolskoto-kabare-se-pronajdov-sebesi-sekoe-izleguvanje-na-scenata-e-nov-predizvik-68.jpg

polina-taseva-vo-bitolskoto-kabare-se-pronajdov-sebesi-sekoe-izleguvanje-na-scenata-e-nov-predizvik-65.jpg

Колку публиката може да те крене или спушти кога си на настап? Си имала ли непријатна случка додека си на сцената?

Публиката е дојдена за нас со позитивни очекувања, и со заедничка енергија придонесуваме да оствариме добра забава.

Тоа за нас е успех, предизвик и взаемно задоволство.

А за тоа дали публиката влијае врз мојот настап, би рекла ‘да’ бидејќи овациите се едни од клучните моменти што ми даваат поттик да бидам оригинална на сцената.

Непријатни ситуации не сум имала, а можам да издвојам една позитивна случка кога во локалот за кратко снема струја и ние останавме во темница на сцената.

Тогаш се создаде интересен момент кога голем дел од публиката ги вклучи светлата од мобилните телефони и направија магична атмосфера.

polina-taseva-vo-bitolskoto-kabare-se-pronajdov-sebesi-sekoe-izleguvanje-na-scenata-e-nov-predizvik-57.jpg

polina-taseva-vo-bitolskoto-kabare-se-pronajdov-sebesi-sekoe-izleguvanje-na-scenata-e-nov-predizvik-64.jpg

Во кабарето настапуваш со познати македонски музичари. Дали сте блиски и како изгледа кога сте зад сцената и се подготвувате?

Имам изградено пријателски однос со сите колеги, се поддржуваме и сакаме, работиме заедно и на приватна музика и меѓусебно си споделуваме идеи и совети.

Заедничкото време го поминуваме претежно низ смеа и позитивна енергија.

Дури и кога зад сцената се подготвуваме во брзање, позитивната енергија преовладува, а ние си помагаме меѓусебно.

polina-taseva-vo-bitolskoto-kabare-se-pronajdov-sebesi-sekoe-izleguvanje-na-scenata-e-nov-predizvik-66.jpg

polina-taseva-vo-bitolskoto-kabare-se-pronajdov-sebesi-sekoe-izleguvanje-na-scenata-e-nov-predizvik-56.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме з... „Бебето е првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, з...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg