Македонска гордост! Нина (13) е светски шампион во танц со две титули на првенството во Полска
- Детали
- понеделник, 14 април 2025
„Почна ново Светско првенство за Нина... Нова кореографија, ново злато. Ќерко фала ти за радоста“, напиша на својот Фејсбук мајката на Нина, радиоводителката Надица Спасовска, која покажа колку е горда на својата ќерка.
Нина Спасовска (13) од Скопје стана двоен светски шампион во латино танци на WADF 2025, Светското првенство во стандардни и латино танци што се одржа во Варшава, Полска.
Нашата Нина, која е дел од танцовото студио Dancers United го воодушеви жирито и присутните со своето танцување, ставот и насмевката.
Во категоријата Latin American Style Solo Female Juniors, Нина танцуваше на кореографија што за неа ја направи Евгенија Арсова, наречена The Godfather.
Нина освои и злато во категоријата Paso Doble Juniors, a за овој настап, освен со Арсова, тренираше и со Никола Дамовски.
По победата, младата танчарка го нагрна македонското знаме и се качи на највисокиот подиум на пиедесталот.
„Почна ново Светско првенство за Нина... Нова кореографија, ново злато. Ќерко фала ти за радоста“, напиша на својот Фејсбук мајката на Нина, радиоводителката Надица Спасовска, која покажа колку е горда на својата ќерка.
Двете светски титули во танц, Нина ги освои само една недела откако учествуваше на Diamond Internationl Dance Competition во Скопје, а каде што освои 7 медали.
Погледнете го настапот на Нина со кореографијата The Godfather ТУКА.
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





