Мартина Димоска, нашата прва аналогна астронаутка: „Имав сестра со посебни потреби, ја носев со количка до кафуле“
- Детали
- понеделник, 14 април 2025
„Јас имав сестра со посебни потреби и некако бевме многу поврзани. Сестра ми имаше мускулна дистрофија. И да, имаше круг што нè прифаќа, но имаше и круг што нè исмева кога сме на улица. Имаше супер интелигенција, меѓутоа не можеше да оди“, вели во емотивна исповед Мартина Димоска во подкастот на Стефан Лазаров.
Мартина Димоска од Кичево е првата аналогна астронаутка од Македонија и Балканот.
Таа е инженерка и истражувачка во областа на вселенските науки, со активна улога во симулирани мисии што ги имитираат условите на Месечината и Марс.
Во рамките на овие мисии, таа учествува во експерименти со цел подобро разбирање на човечката адаптација во вселенски услови.
Покрај тоа, Мартина е основачка на International Space Alliance (ISA или Меѓународен вселенски сојуз), организација која има за цел да ги направи вселенските науки подостапни за луѓето од Балканот и други неразвиени региони.
Преку Меѓународната Вселенска Алијанса (ISA), Димоска активно придонесува кон јакнење на капацитетите преку организирање на едукативни програми и иновативни иницијативи насочени кон младите, вклучувајќи и бесплатни курсеви за развој на вештини во областа на науката, технологијата и вселенските истражувања.
Нејзината работа е широко призната на интернационално ниво, а таа е добитничка на престижната награда „Emerging Space Leader“ доделена од Меѓународната Астронаутичка Федерација (IAF) — признание кое се доделува на извонредни млади лидери во глобалната вселенска заедница.
Во моментов, Мартина е во процес на добивање на зелена карта на САД во категоријата EB-1 за исклучителни способности, што ќе ѝ овозможи понатамошен развој во вселенската индустрија.
Мартина неодамна гостуваше во подкастот на Стефан Лазаров, каде покрај за успесите на поле кариера, проговори и за нејзината почината сестра, која имала мускулна дистрофија.
Таа вели дека токму сестра ѝ Јована ја инспирирала секогаш да има разбирање за сите и да биде добра и хумана.
Мартина во својата емотивна исповед вели:
„Јас имав сестра со посебни потреби и бевме многу поврзани. Сестра ми имаше мускулна дистрофија.
Баш мојата миграција од средно кон факултет беше кога таа почина. И ми беше многу тешка транзиција и на мене и на моите родители да се преселам така, од Кичево во Скопје.
Оставаш дел од себе и одиш во нешто многу непознато и да ви кажам дека првите неколку години, јас бев многу изгубена во Скопје.
И да, имаше круг што нè прифаќа, но имаше и круг што нè исмева кога сме на улица.
Се викаше Јована, мајка ми ми замери дека не ја споменувам по име често. Тешко ми е да зборувам некогаш за сестра ми.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





