Мартина Димоска, нашата прва аналогна астронаутка: „Имав сестра со посебни потреби, ја носев со количка до кафуле“
Имаше супер интелигенција, меѓутоа не можеше да оди. Од тоа што го знаеме градот и колку толерира такви разлики, имаше неколку дечиња така родени, но сите ги криеја дома.
Меѓутоа ние сакавме сестра ми да ја нормализираме и јас се трудев сестра ми да ја вклопам во секоја сфера на животот.
Со неа излегував, нормално со количка, ја туркав до кафуле за да излеземе во град.
Сестра ми имаше потреба да истражуваме нешто заедно затоа што нели не се движеше.
Така некако обработував доста теми, и креативните, но и овие инженерските.
Имав доста тешко детство каде што моите многу работеле и вложиле сè што имале за да ѝ го продолжат животниот тек, меѓутоа тоа ми даде можност да бидам многу поинаква, многу поразлична и да издржам.
Таа ме научи на хуманост.
Кога сме немале за храна, затоа што сите средства оделе за операции и нега, ако сме немале доволно храна, сестра ми делела од нејзиниот залак, за да се прехраниме и јас и таа.
Повеќе фотографии од Мартина:
Kликнете на видеото oд подкастот на Стефан Лазаров:
Прочитајте и Мартина Димовска е првиот македонски аналоген астронаут: „Оделото тежи околу 35 kg, потребни се 30 минути за да се облечеш“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





