Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајки од Македонија и регионот кои се бореа за старателството над своите деца

Сопругот на Тања Савиќ ѝ ги зеде децата и тајно ги однесе во Австралија, а на неа не ѝ дозволуваше контакт со нив. Северина со години добива и го губи старателството над синот. Кои друго познати мајки се бореа за старателство над своите деца?

majki-od-makedonija-i-regionot-koi-se-borea-za-staratelstvoto-nad-svoite-deca-01.jpg

Разводот или разделбата со партнерот е секогаш тешка, особено кога парот има деца и тие ќе се најдат во средината помеѓу двајцата родители.

Освен што мора да научат да се справат со разделбата на родителите, овие деца понекогаш поминуваат низ уште поголем пекол бидејќи нивните мајка и татко не можат да се договорат за старателството.

И иако, најчесто судот го доделува старателството на мајката, во некои ситуации таткото е тој што ги добива децата, а мајката или има право да ги посетува, да ги зема кај себе на викенд или во екстремни случаи дури и нема право да ги види.

Во продолжение, прочитајте која позната Македонка, но и мајки од регионот се бореа за старателство над своите деца.

Елена Велевска

Фолк-пејачката Елена Велевска пред неколку години се разведе од сопругот Марјан. По разводот, таа замина да живее во Прилеп кај своите родители, а нејзините три деца останаа во Охрид кај својот татко.

Елена тогаш откри дека судот одлучил децата да ги додели на нејзиниот поранешен сопруг, но дека ќе се бори за да ги добие назад.

Маја Николиќ

Пејачката Маја Николиќ во 2011 година го изгуби старателството над синот Лазар, кого го доби од вториот брак, со Вук Кандиќ.

Подоцна пејачката кажа дека тој ја злоставувал физички и психички, по што го пријавила во полиција, но тоа не дали никакви резултати, па се откажала од таа борба.

Освен што синот го гледала секој втор викенд, таа му плаќала и алиментација на поранешниот сопруг.

Но, по неколку години сепак успеала да го врати старателството над синот, и тоа кога тој го пријавил татка си во полиција за физичко малтретирање.

Северина

Една од најпознатите битки за старателство над синот ја води Северина. Таа со години се суди со својот некогашен партнер Милан Поповиќ за тоа кај кого ќе живее детето.

Судот неколкупати ја менуваше одлуката - ѝ го доделуваше синот, па ѝ го одземаше старателството, ѝ даваше можност да го гледа за викенд...

Според судската одлука, Северина не смее да објавува фотки од синот Александар на кои се гледа неговото лице, а по барање на неговиот татко.

Тања Савиќ

Пејачката Тања Савиќ „преку ноќ“ ги изгуби децата, но не поради одлука на судот, туку откако нејзиниот поранешен сопруг ги одведе во Австралија, па на децата не им дозволуваше ни да се слушаат со својата мајка.

Пејачката замина во Австралија и по повеќе од една година успеа да си дојде дома со децата.

Селма Бајрами

Босанската пејачка со години се бореше за старателство над синот со поранешниот сопруг.

Иако таа барала целосно старателство над детето, судот го доделил на двајцата родители, за тие заедно да се грижат за него, па така, детето неколку дена во неделата е кај мајка си, а неколку дена е кај својот татко.

Селма и понатаму се обидува да биде единствената што ќе може да се грижи за своето дете, а вели дека причината поради која не сака поранешниот сопруг да има контакт е со детето е бидејќи е насилен.

Ивана Стаменковиќ Синди

Поранешната членка на групата „Моделс“ поднела барање за развод и целосно старателство над ќерката Петра, бидејќи нејзиниот маж ја тепал, но судот донел одлука во полза на таткото на девојчето.

Причината за ова, наводно, била таа што Синди немала постојано вработување, а со тоа ни постојани приходи.

Таа ќерката ја гледа секој втор викенд и по двапати во неделата.

А. Ј. | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg