Ксенија Деспотоска: „Се породив со царски на ГАК, благодарна сум што лекарите реагираа екстремно брзо“
- Детали
- вторник, 11 март 2025
„Најмногу од сè сакав да се породам природно и до крај сè беше супер. Почнаа болките и си почнавме природно, ама, ете така требало - завршив со царски. Но, сум благодарна на Бог и на докторите кои реагираа екстремно брзо и така на свет си дојде Надја“ - вели нашата модна инфлуенсерка, која неодамна стана мајка.
Нашата модна инфлуенсерка Ксенија Деспотоска (30) на 24 февруари стана мајка.
Таа се породи во 39-тата недела од бременоста и на свет донесе девојче, на кое со сопругот ѝ го дадоа името Надја.
Мајката и ќерката се дома скоро три недели, веќе навикнати една на друга, па Ксенија реши на своите следбеници на Инстаграм да им одговори на неколку прашања поврзани со породувањето, бебето и првите искуства.
„Додека да се породам не сакав многу да зборувам затоа што и јас првпат поминував низ тоа, ама сега може да си позборуваме. Ако имате прашања или некои совети за бременост, породување и после породување, пишете ми“ - кажа Ксенија.
Едно од првите прашања беше дали се породила природно или царски:
„Најмногу од сè сакав природно и така беше до крај, сè си беше супер. Си почнаа болките и си почнавме природно, ама, ете така требало, па завршив со царски.
Но, сум благодарна на Бог и на докторите кои реагираа екстремно брзо и така на свет си дојде Надја.
Итниот царски си има последици, мислам дека опоравувањето е малку потешко и си треба време, но сè поминува, па и тоа. Кога ќе си го видиш бебето, сè си забораваш“, одговори Деспотоска.
„Во која болница се породи? Како си задоволна од болница и доктори?“ - ја прашаа.
„Се породив во ГАК, кај д-р. Катерина Николоска и сум презадоволна и од сите таму. Од хигиена, услови, сестри, доктори.
Периодот после беше со измешани емоции. Неизмерна среќа и радост, но во исто време си безпомошен и слаб, а треба да чуваш едно мало ангелче.
Ама благодарение на сите таму, сè помина одлично и колку да било тешко, имам убаво сеќавање на моето породување“.
Ксенија одговори и на прашањето дали ја дои ќеркичката:
„Да, и многу ми е драго поради тоа. Ми беше малку страв дека првите неколку дена не смеев да ја дојам, ама кога почна, на прво сама си фати и многу се радував.
Нема поубаво време од тоа, еден од најубавите моменти со неа“.
„Дали имаш помош околу бебето?“ - беше следното прашање.
„Да, имам помош. Поради тоа што сум со царски породена, неопходна ми е помош околу домот и бебето. Но полека закрепнувам па сè повеќе и повеќе можам и сама.
Тука се сопругот и свекрвата, па сè е така полено“ - напиша Ксенија.
Модната инфлуенсерка откри и дека името Надја го избрале заедно со сопругот.
„На почеток многу се мислевме за имиња и не можевме да дојдеме до заеднички фаворит.
Но, на крај само си дојде и на двајцата ни беше убаво и си има своја приказна“ - кажа таа.
Прочитајте и Инфлуенсерката Ксенија Деспотоска стана мајка - Си дојде дома со бебето, објави први фотки од ќерката Надја
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





