Снеже Велков го прослави 43-иот роденден: „Се бројат годините - и со бели влакна и со свиснати гради и тазе избелени заби“
- Детали
- петок, 07 март 2025
„Не се броеле годините?! Море се бројат, море се зборат, море се слават и ДА, се важат. Се важат бе и со вишок и со 'мањак' килограм. Се бројат и со и без бели влакна. И ако се разубавиш и ако тро огрдиш...“, гласи дел од објавата на Снеже Велков по повод роденденот.
Водителката Снеже Велков го прослави 43-иот роденден, позираше во свеќички во рака и во свој стил напиша забавна објава како годините се бројат и треба со гордост да си ги носиме.
Нејзината објава гласи:
„Не се броеле годините?!
Море се бројат, море се зборат море се слават и ДА, се важат.
И од напред и од позади.
Се важат бе и од левиот и десниот профил
Се важат бе и со вишок и со 'мањак' килограм.
Се бројат и со и без бели влакна.
Се рачунаат и со новата и со старата лична карта.
Се рачунаат дечки и по зимско и по летно сметање на времето.
Се важат дечки и со свиснати гради и тазе белени заби.
Се рачунаат и ако полудиш и ако останеш нормален
И ако станеш попаметен и ако отупавиш
И ако се разубавиш и ако тро огрдиш
Се бројат море и се слават!
Оти сè додека се бројат значи жива си
43 се овие моите и со римски XLIII.
И од денес ставаме запирка за да броиме пак
43,
Да ми врти бројчаникот уште долго!
Да ми живеат и бројачите“.
Прочитајте и Снеже Велков го прослави 40-тиот роденден со уникатна торта: „Сите во фамилија инженери - А Снеже, да е жива и здрава“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





