Снеже Велков го прослави 40-тиот роденден со уникатна торта: „Сите во фамилија инженери - А Снеже, да е жива и здрава“
- Детали
- понеделник, 07 март 2022
„Создавањето на семејство го терав по стара програма. Сè си завршив до 29. Паралелно терав и кариера во Бекстејџ, а од пред три години добив и повреда на коленото која пак ми го донесе велосипедот како лек....“, вели Снеже Велков по повод 40-тиот роденден.
Водителката и пилатес инструктор Снеже Велков го прослави 40-тиот роденден во еден скопски локал со торта на која има велосипед и пишува „Блескај“ – хаштаг кој е препознатлив за Снеже.
По повод роденденот таа напиша:
„Ја загризав 40!
Признавам убави беа и дваесеттите
Создавањето на семејство го терав по стара програма. Сè си завршив до 29.
Паралелно терав и кариера во Бекстејџ.
Триесетите пак,беа резервирани за големите кариерни успеси и проектите како Х Фактор, Големиот брат и VIP на еден ден.
На триесет и кусур, станав и пилатес инструктор ама и сопственичка на хаштагот #блескај, а од пред три години добив и повреда на коленото која пак ми го донесе велосипедот како лек.
Сега кога веќе нема да имам ни 2 ни 3 напред во годините редно е да кажам:
Фала им на мама Цвета и тато Здравко што веруваа во мене и ја пуштија мојата своеглавост да стигне таму каде што сакав во овие 40 години.
Што би се рекло сите во фамилија инженери - А Снеже, да е жива и здрава.
Фала им на оние кои не веруваа во мене заради кои станав посилна, подобра и поуспешна.
Фала им на пријателите кои се тука до мене за да ме бодрат и тогаш кога не сум силна, не сум добра и не сум успешна.
Фала им на сите кои намерно или случајно ми се појавиле во животов овие 40 години - секој бил тука со причина,со тест или како лекција.
А најмногу Фала на моите тројца неверојатни човечиња: Дарко, Дарин и Ален.
И за крај да си кажам:
40 (и со букви) ЧЕТРИЕСЕТ
Доволно многу сте за да не можам да се вадам на младоста од дваесетите...
Доволно звучни сте да не можам да се повикам на неискуството од триесетите...
Ама и доволно многу сте да немам време за чекање...
За се останато малку сте.
Дури сега земам залет.“
С. С. | Црнобело