Александра Шијакоска за 32-иот роденден: „Прв роденден како мајка, а пред некоја година мислев го славам последниот“
- Детали
- четврток, 06 март 2025
На 29-тиот роденден Александра Шијакоска напиша: „Да ми кажеше некој дека на 29 години ќе се борам со тумор, ќе му се изнасмеев“. На 30-тиот: „Пред точно една година мислев дека го славам мојот последен роденден, а сега славам на остров во Африка“. 31-иот го прослави со забава, а сега за 32-иот вели: „Овој роденден ми е посебен, прв роденден како мајка“.
Инфлуенсерката Александра Шијакоска вчера (5-ти март) го прослави својот 32-ри роденден.
Овој пат таа вели дека првпат слави роденден откако станала мајка и дека ако лани имала голема забава со пријателите, годинава едвај пронашла време за да си направи роденденска фотосесија поради слатките обврски околу синот Риан.
На својот Инстаграм профил таа напиша:
„Овој роденден ми е посебен, прв роденден како мајка.
Прв роденден како не сум возбудена за мојата дата на раѓање, затоа што сега имам друг ден кој ми значи сè на светот.
Како и секогаш желбата е иста, да ми се живи, здрави и на број саканите сега со една плус, да гледам како расте синко и да бидам покрај него“.
Шијакоска на Инстаграм стори сподели линкови до стари објави - како ги поминувала родендените низ годините, од 29-иот, па наваму, а се потсети и на најтешките мигови поради здравствените проблеми:
29-ти роденден
„Пред две години ја читав ‘Пиреј’ и ми остана во главата. Ние луѓето не сме свесни за силата која ја имаме дури не ни тропне на врата тоа од кое најмногу се плашиме.
Мене многу од работите кои ме плашат ми се случија во една година, но измеѓу имаше и многу среќни моменти. Се трудам да се фокусирам на тие среќни моменти и со нив во глава со цела сила да се спремам за операција.
Да ми кажеше некој дека на 29 години ќе се борам со тумор, наместо да шетам низ светот, да се радувам со пријателите и саканите или да гледам деца ќе му се изнасмеев.
По неколку дена плачење и прашување зошто јас, имав време да размислам за сите случувања во мојот живот. Господ ме спремал за ова, ме челичел, а јас го знаев тоа, го чувствував.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





