Александра Шијакоска за 32-иот роденден: „Прв роденден како мајка, а пред некоја година мислев го славам последниот“
Не сакав ни да го прославам роденденот, ни да се сликам, ни да ме гледа некој. Сакав да го преспијам периодот до операцијата, ама време е да научам да живеам ДЕНЕС, а не да чекам да се случи нешто.
Знам дека ќе биде добро. После ова пишуваме книга заедно.
Јас ќе раскажувам, а некој добар пишувач ќе пишува. Фала ви на сите за грижата и убавите мисли, ми изгледаше нефер да не ве известам што се случува со мене.
Јас сум добро и се спремам за операцијата која е закажана во текот на наредната недела. Вака-така истуркавме до 29“.
30-ти роденден
„Пред точно една година мислев дека го славам мојот последен роденден. Си собрав неколку од пријателите и семејството и сакав да имаме еден заеднички спомен по кој ќе ме памтат.
Сакав да ме памтат каква што отсекогаш сум била. Насмеана, среќна и полна со живот и љубов. Не сакав да ме памтат како Александра која се плаши од смртта.
И навистина не се плашев, во ниеден момент. Длабоко во себе знаев дека мојата приказна не завршува тука и на ваков начин. Господ не ги остава своите деца сами и незаштитени.
Година подоцна го славам мојот 30-ти роденден на остров во Африка.
Првпат славам роденден без семејството и пријателите и малку ми недостигаат, но сега имам два родендени, па вториот ќе го прославиме заедно со нив.
На 10-ти полнам една година од мојот нов живот. А вие драги мои пријатели да сте здрави, живи и весели. Да имаме здравје, среќа и љубов, само тоа не се купува со пари, за другото напорно ќе работиме за да си го оствариме“.
31-ви роденден
„Прослава на уште една година со стил“.
Прочитајте и Александра Шијакоска за CRNOBELO.com: „Кога ми кажаа дека ризикот од смрт е многу голем прво се исплакав, сила најдов во луѓето кои ме сакаат“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





