Ракометарот Дејан Пецаковски го прослави 39-тиот роденден со саканата Марија и синовите
- Детали
- четврток, 16 јануари 2025
„Велат дека човек е богат кога има сѐ. Епа јас сум и тоа како богат и среќен човек со ова мое мало богатство“, вели поранешниот ракометар Дејан Пецаковски и дува свеќички со девојката и неговите синови од бракот со Сања Ристиќ.
Поранешниот ракометар Дејан Пецаковски на 12-ти јануари го прослави 39-тиот роденден со саканата Марија Дурљанова, која работи како персонален тренер, и со неговите два сина од бракот со Сања Ристиќ.
Дејан ја пронајде среќата покрај Марија по разводот, а парот го поврзува и љубовта кон спортот, па тие постојано тренираат заедно и објавуваат видеа на нивните Инстаграм профили.
Марија во 2022 година се има натпреварувано и на бодибилдинг натпревар.
Дејан, по повод роденденот, на својот Инстаграм профил напиша:
„Велат дека човек е богат кога има сѐ. Епа јас сум и тоа како богат и среќен човек со ова мое мало богатство што не би го менувал за ништо.
Ви благодарам на сите за честитките, сè што ми посакавте со дупло да ви се враќа.
Здраво 39, подготвен сум!“