Лица со попреченост беа ѕвезди на ревија во Струмица: „Нивната среќа не се опишува, оваа година имавме 23 пара модели“

23 лица со попреченост и 150 дечиња со типичен раст од градинките во Струмица, беа ѕвезди на осмата хуманитарната ревија „Убави сме, свои сме“.

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-01.jpg

Во организација на Здружението за поддршка и помош на лица со даунов синдром „Вера“, на 14 декември во Струмица се одржа настанот „Убави сме, свои сме“.

Ова е хуманитарна модна ревија на која како модели се појавуваат лица со попреченост, а во придружба на познати јавни личности.

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-02.jpg

Ова беше 8-мо издание на хуманитарниот моден настан, кој е еден од најзначајните во Струмица во изминативе години.

Анче Туфекчиева, која е мајка на 17-годишната Верче, девојка со Даунов синдром, но и претседател на здружението „Вера“, своите впечатоци ги сподели за CRNOBELO.com.

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-03.jpg

По успешната ревија, која предизвика бура на позитивни реакции во јавноста, а на која еден од моделите беше и нејзината ќерка Верче, ни кажа:

„Ревијата на лица со попреченост, насловена ‘Убави сме, свои сме’, се одржа во преполна сала во Центарот за култура ‘Антон Панов’.

Ова е хуманитарна модна ревија на која лица со попреченост се облечени во модели на познати модни брендови од цела држава, а се придружувани со познати јавни личности од државата - пејачи, политичари, доктори, наставници, инфлуенсери, фитнес тренери и слично.

Оваа година имавме 23 пара на манекени кои дефилираа на вистинска модна писта, како и 150 деца со типичен развој од градинките и училиштата од Струмица, кои со свои точки ја збогатија нашата ревија.

Тука беа и одбојкарки од Ново Село, кои излегоа во придружба на децата од посебното основно училиште ‘Климент Охридски’ од Ново Село.

Сите тие беа многу убави и возбудени околу својот настап.

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-07.jpg

Луѓето често знаат да ме прашаат ‘До кога ќе ја организираш ревијата?!’.

Можам слободно да кажам дека кога нешто се организира со љубов, а не на сила, изгледа баш како нашата ревија - полна со емоции и љубов.

И најважно од сè ја испраќа пораката дека сите сме еднакви во ова општество и затоа мислам дека ревијата ‘Убави сме, сме свои’ сме ќе добие знак на бесконечност и секоја година ќе се организира.

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-05.jpg

Дополнителна мотивација ми е што децата и лицата со попреченост на овој настан се во главна улога и се многу среќни и задоволни, а публиката цело време аплаудира и ги поддржува.

Настанот е полн со емоции, нешто што не се опишува со зборови, туку треба да се доживее.

Им благодарам на сите учесници, на нивните родители, а најмногу ѝ благодарам на моја Верче која секојдневно ни покажува дека најбитно во животот е да бидеш човек, дека љубовта и почитта  се пред материјалното“.

Прочитајте и Анче од Струмица за ќерката Верче (17) со Даунов синдром: „Господ ми ја прати – кога би можеле пак би се избрале една со друга“

Повеќе фотографии од ревијата „Убави сме, свои сме“:

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-08.jpg

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-10.jpg

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-19.jpg

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-18.jpg

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-17.jpg

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-16.jpg

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-15.jpg

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-14.jpg

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-13.jpg

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-12.jpg

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-11.jpg

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-09.jpg

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-04.jpg

lica-so-poprechenost-bea-dzvezdi-na-revija-vo-strumica-nivnata-srekja-ne-se-opishuva-ovaa-godina-imavme-23-para-modeli-06.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Роберт Ѓорѓиев

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg