Ќерката на Хелена Роза стана адвокат во Нов Зеланд: Бела перика и црна наметка за заклетвата, поддршка од семејството
- Детали
- петок, 29 ноември 2024
Ќерката на Хелена Роза, Кјара, си го исполни сонот и стана адвокат, а поранешната водителка не криеше дека е горда мајка и го прослави нејзиниот успех.
Кјара Гоља Пауни (26) и официјално стана адвокат, 9 години откако се пресели во Нов Зеланд.
Ќерката на Хелена Роза се потпиша во книгата на адвокати, па објави неколку фотографии и видеа на Инстаграм Стори од големиот момент.
Со бела перика, како што носат тамошните правни лица, и црна наметка, таа беше еден од неколкуте нови адвокати кои положија заклетва.
Поддршка во овој голем момент од кариерата ѝ беа нејзината мајка Хелена, баба ѝ Роза и сопругот Стефан.
„Агент за недвижнини/директор и адвокат влегуваат во соба.... некако ги избравме најомразените професии на Нов Зеланд, но заедно сме страшно добар тим“, напиша Кјара на фотографијата со сопругот.
Во интервју за CRNOBELO.com, таа претходно откри дека ја завршува последната година од вториот факултет, кој е за политика, но истовремено завршува и пракса за да стане адвокат на Нов Зеланд.
„Целите за во иднина се да стекнам искуство како адвокат, а потоа можеби да започнам свој бизнис и ако сè уште ме влече политиката, можеби да станам дел од новозеландскиот парламент“, кажа таа во интервјуто.
Својата среќа не ја криеше ни Хелена, која напиша дека е горда мајка.
Погледнете ги фотографиите:
Прочитајте и Кјара Гоља 9 години живее на Нов Зеланд: „Сè уште се привикнувам, ми фалат блиските, бурек и јогурт“
А. Ј. | Црнобело