Хелена Роза има поводи за славење - ќерка ѝ Кјара се омажи, сестра ѝ Ребека ја посети во Нов Зеланд
- Детали
- понеделник, 19 август 2024
Хелена Роза, која пред 9 години се пресели на Нов Зеланд, во изминативе неколку дена има три големи поводи за прослава.
Таа на 18 август наполни 47 години, а роденденот го прослави во семејниот дом во Оукленд, Нов Зеланд.
Направи мала забава со најблиските, со роденденска торта и многу подароци, а се пофали дека најубавиот подарок го добила од синот Тиан.
По прославата, Хелена им се заблагодари на пријателите за убавите желби.
Но, таа кажа дека годинава најголема желба ѝ е оздравувањето на нејзиниот близок другар Зоки Фаци и ги замоли сите што можат, да донираат за неговото лекување.
Но, роденденот беше само една од трите причини за славење кои Хелена ги има овие денови.
Неколку дена пред роденденот, на гости во Нов Зеланд ѝ дојдоа мајка ѝ Роза и сестра ѝ Ребека, со синовите Макариј и Доротеј.
Тие стигнаа на време за прославата на Хелена и по долги години, трите жени заедно го прославија роденденот на поранешната водителка.
Мајка ѝ доаѓа во Нов Зеланд третпат, но ова е првпат Ребека да ја посети сестра си во нејзиниот нов дом, откако пред 8 години Хелена и сопругот Игор се иселија од Македонија.
Брзо потоа на Нов Зеланд замина и ќерката на Хелена, Кјара.
Третата причина за прослава, беше и венчавката на Кјара.
Ќерката на Хелена објави дека со својот свршеник Стефан направиле мала венчавка, околу еден месец по запросувањето и на својот Инстаграм сподели неколку фотографии.