Златко од Виница по ампутација на нозете изоде 5km на маратон: „Ми требаше седумпати повеќе сила од нормалното“

„Моите 5km ги изодив за 50 минути и 40 секунди. Временските услови не беа идеални, имаше снег и влажна патека, но сè помина без никакви проблеми“, вели Златко Ѓорѓиев за CRNOBELO.com, кој со две ампутирани нозе учествуваше на маратонската трка во Базел и успешно надмина уште еден огромен предизвик.

zlatko-od-vinica-po-amputacija-na-nozete-izode-5km-na-maraton-mi-trebashe-sedumpati-povekje-sila-od-normalnoto-01.jpg

Златко Ѓорѓиев (38) од Виница скоро 10 години живее во Фулинсдорф, Швајцарија со сопругата и двете деца.

На почетокот на 2023 година, додека бил на работното место, Златко доживеа страшна несреќа, по која му беа ампутирани нозете.

Но, скоро две години подоцна, Златко покажа дека со волја, упорност и позитивна мисла, може да постигне сè.

Тој, со помош на своите физиотерапевти и голема поддршка од семејството, повторно научи да оди со протези на нозете, почна да игра кошарка заедно со други лица кои имаат физичка попреченост, а од пред неколку месеци и самиот почна да вози автомобил.

Но, Златко не застанува тука, па изминатиот викенд повторно „се победи себеси“ и изоде 5km на маратонот во Базел, за време од 50 минути и 40 секунди.

zlatko-od-vinica-po-amputacija-na-nozete-izode-5km-na-maraton-mi-trebashe-sedumpati-povekje-sila-od-normalnoto-08.jpg

Тој за CRNOBELO.com ни раскажа за ова неверојатно искуство, со кое си докажа дека за него, навистина нема граници:

„Овој натпревар, кој годинава беше 41-ви по ред, се одржува секоја година во Базел, со околу 10.000 учесници од различни категории.

Сè започна како идеја на мојата физиотерапевтка. Иако беше голем предизвик, без двоумење ја прифатив. Сакав да покажам дека границите постојат само во нашите глави.

zlatko-od-vinica-po-amputacija-na-nozete-izode-5km-na-maraton-mi-trebashe-sedumpati-povekje-sila-od-normalnoto-05.jpg

Не правев посебни подготовки за овој натпревар, бидејќи моето секојдневие е веќе исполнето со физичка активност.

Моите 5 километри ги изодив за 50 минути и 40 секунди.

Со оглед на тоа дека на мене ми е потребна седумпати повеќе енергија од нормалното, ова е огромен успех кој ме изненади дури и мене.

zlatko-od-vinica-po-amputacija-na-nozete-izode-5km-na-maraton-mi-trebashe-sedumpati-povekje-sila-od-normalnoto-03.jpg

Временските услови не беа идеални, имаше снег и влажна патека, но сè помина без никакви проблеми.

Она што го направи ова искуство уште повредно беше поддршката.

Публиката, случајните минувачи, мојот тим од Agility Plus и моето семејство беа на целта за да ме бодрат.

Тоа чувство на заедништво и успех е нешто што тешко се опишува со зборови.

zlatko-od-vinica-po-amputacija-na-nozete-izode-5km-na-maraton-mi-trebashe-sedumpati-povekje-sila-od-normalnoto-06.jpg

Во моментов, сум насочен кон прилагодување на мојот професионален пат и немам конкретни активности за иднина, освен оние како досега.

Сепак, мојата физиотерапевтка веќе има планови - наредната година можеби ќе учествуваме во искачување на кањон во кантон Тесин.

Иако сè уште чекаме потврда, возбудата е голема.

Ова искуство е потсетник дека со посветеност и верба можеме да ги надминеме сите предизвици.

zlatko-od-vinica-po-amputacija-na-nozete-izode-5km-na-maraton-mi-trebashe-sedumpati-povekje-sila-od-normalnoto-04.jpg

Погледнете го видеото од влегувањето на Златко на целта:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Христина Пан: „2024 не беше лесна, половина година ни помина по болници, но добивме благослов“ „2024 што да ти кажеме за крај. Дека беше лесна, не беше, половина година пак ни...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Златко Јовановски предизвика измешани реакции: „Не е секој создаден за родител, но би сакал да имам ... „Јас денес да имам дете, тоа дете мене би ми било пречка во остварувањето на мој...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg