Соња Тарчуловска му го честиташе роденденoт на Јохан (50), каратистката Моника направи свадба: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- понеделник, 18 ноември 2024
Каратистката Моника Стефановска направи прв роденден на синот Давид и свадба со тенискиот тренер Илија, Перо Антиќ и Сања Ристиќ уживаат со децата во Маврово, Теа Ѓоргиевска, Мис Универзум на Македонија 2024, нè претстави на Мис Универзум во Мексико, а Соња Тарчуловска со забавна честитка за роденденот на сопругот...
Теа Ѓоргиевска, Мис Универзум на Македонија 2024, откри дека на Мис Универзум во Мексико имала незаборавно искуство и дека е благодарна за сите луѓето кои ги запознала и ѝ ја направиле оваа авантура незаборавна.
Миа Костова повторно презентира модни комбинации, а Александар Белов ужива во друштво на ќерката.
Соња Тарчуловска му го честиташе роденденот на сопругот Јохан со забавна објава на Инстаграм:
„Секоја брчка на твоето лице раскажува некаква приказна која никој друг не може да ја каже, ниту раскаже. Среќен 50-ти роденден! Сега и официјално си винтиџ модел, но не грижи се, имаме уште многу километри пред нас. Те сака твојата винтиџ Соња“.
Што прават македонските ѕвезди деновиве?
Каратистката Моника Стефановска направи прв роденден на синот Давид и свадба со тенискиот тренер Илија
фото: Инстаграм