Плетените октоподи за предвреме родени бебиња се користат и кај нас – Како им помагаат на малечките и кој ги прави?

Пипалата на плетениот октопод ги потсетуваат предвреме родените бебиња на папочната врвка во утробата, а мекото тело од главата, на постелката. Како плетените октоподи им помагаат на предвреме родените бебиња и зошто оваа данска метода се применува и кај нас?

pletenite-oktopodi-za-predvreme-rodeni-bebinja-se-koristat-i-kaj-nas-kako-im-pomagaat-na-malechkite-i-koj-gi-pravi-01_copy.jpg

Во голем број светски болници, а и кај нас, во последните неколку години на Одделенијата за интензивна нега на предвреме родени бебиња се користи методата на да се ставаат плетени октопотчиња во инкубаторите.

pletenite-oktopodi-za-predvreme-rodeni-bebinja-se-koristat-i-kaj-nas-kako-im-pomagaat-na-malechkite-i-koj-gi-pravi-02.jpgФото: Фејбук - „Лулка“

Станува збор за метода која брзо го воодушеви светот, а се применува речиси во сите познати здравствени центри во светот, па и кај нас.

Проектот почнал за првпат да се применува во Данска во 2013-та година и бил познат како The Octo Project, каде група волонтери почнале да плетат вакви октопотчиња.

Целта на ваквите плетени додатоци во инкубаторите била практична.

pletenite-oktopodi-za-predvreme-rodeni-bebinja-se-koristat-i-kaj-nas-kako-im-pomagaat-na-malechkite-i-koj-gi-pravi-03.jpgФото: Фејбук - „Лулка“

Најпрво, било забележано дека предвреме родените бебиња често ги влечат малите цевчиња и монитори во апаратот што за нив значи живот, затоа што сè уште се чувствуваат како да се во утробата на мајката.

Со цел да им го олеснат престојот во болницата, Данците дошле до идеја во инкубаторите на бебињата да се стават плетени октопотчиња, чиишто врвки (пипци) ќе го потсетуваат малечкото на папочната врвка, а мекото тело на октоподот ќе ги потсетува на постелката.

Исто така, се покажало дека предвреме родените бебиња што се гушкаат со вакви плетени октопотчиња во инкубаторот имале понормална работа на срцето, дишеле подобро и имале повисоко ниво на кислород во крвта.

pletenite-oktopodi-za-predvreme-rodeni-bebinja-se-koristat-i-kaj-nas-kako-im-pomagaat-na-malechkite-i-koj-gi-pravi-04.jpgФото: Фејбук - „Лулка“

Со други зборови, плетените октопотчиња ги потсетуваат бебињата на средината во која растеле претходните месеци и им даваат емотивна поддршка.

Оваа метода брзо потоа била прифатена и спроведена во голем број болници низ светот. Во Шведска, Норвешка, Исланд, Фарски Острови, Германија, Белгија, САД, Холандија, Луксембург, Франција, Италија, Турција, Хрватска, Израел, Австралија…

pletenite-oktopodi-za-predvreme-rodeni-bebinja-se-koristat-i-kaj-nas-kako-im-pomagaat-na-malechkite-i-koj-gi-pravi-05_copy.jpg

Кај нас во Македонија, постои група на жени која заедно со Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца – „Лулка“ кои несебично работеа и помагаа за да се спроведе проектот во македонските болници.

Овој проект кај нас бил спроведен уште во 2020-та година, а за него поразговаравме и со координаторката на групата Александра Стефановска, која ни појасни дека откако дознале за оваа метода, сами направиле истражување, а со помош на „Лулка“ успеале да го реализираат проектот.

Вредните Македонки од повеќе градови, направиле две акции за плетење вакви октопотчиња и донирале околу 100 октопотчиња во повеќе болници, меѓу кои и на Одделот за неонатална интензивна нега на ГАК.

„Ние сме на располагање и можеме да изработиме уште ако им треба на бебињата. Вакви октоподи нема каде да се купат, туку можат само да се изработат“ – ни појасни таа.

pletenite-oktopodi-za-predvreme-rodeni-bebinja-se-koristat-i-kaj-nas-kako-im-pomagaat-na-malechkite-i-koj-gi-pravi-10.jpg

За да се изработат вакви октоподи најчесто треба да се избере конец кој е 100 отсто памучен, и кој нема влакненца.

Потребно е тие да бидат сплетени со една игла, а плетката да биде стегната, од безбедносни причини, но и за да можат да издржат пофолг временски период затоа што во болниците тие се перат често и тоа на високи температури.

a0dbbbed77400463606009ec6b9e0fca.jpg

Должината на главата на октоподот треба да биде околу 7-9 cm, а најширокиот дел треба да биде со пречник од 15 до 17 cm.

Сепак, големината на главата не е толку важна, колку што треба да се обрне внимание на должината на пипалата, кои не треба да надминуваат повеќе од 20 cm кога ќе се истегнат заради безбедносни причини.

Прочитајте и Македонки плетат ќебенца за децата без родители – Зошто овој проект ми го стопли срцето?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Три предвремено родени бебиња си заминаа дома од ГАК: „Севда, Алиња и Мира се храбри девојчиња“ Севда се роди со 750 грама, Алиња со 1.100, а Мира со 1.330 грама, а трите девој...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Горди татковци: Марко Новески и Бомбакис на плажа со бебињата во Охрид „Богатство и љубов во една слика“, напиша Бомбакис на фотката направена на плажа...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg