Трансформацијата на Габриела Ј. Анастасовска: „Имав 131kg - сега со 50kg помалку, вљубена сум во себе“
- Детали
- петок, 08 ноември 2024
„Секогаш велев дека сум заљубена во себе, дека се сакам и дека секогаш јас сум на прво место. Но, точно пред една година, сфатив дека не е така. Моето тело и моето здравје беа во катастрофална состојба“, ја започнува својата приказна Габриела Јанческа Анастасовска.
Габриела Јанческа Анастасовска е доказ дека вложениот труд, напор и истрајноста се исплатат. Таа на својот Инстаграм профил во видео отворено сподели детали за својата телесна трансформација.
Габриела имала 131 килограм кога започнала со процесот, во текот на кој ослабела 50 килограми и за кој вели дека најголема благодарност ѝ должи на нејзината нутриционистка и фитнес тренер Ангела Томиќ.
Импресивно, зарем не?
За нејзината трансформација Габриела вели:
„Eдна година…
Драга ЈАС, среќен прв роденден од твојот нов живот!
Секогаш велев дека сум заљубена во себе, дека многу се сакам и дека секогаш јас сум на прво место.
Но, точно пред една година, сфатив дека не е така.
Моето тело и моето здравје беа во катастрофална состојба. Секој нареден ден ми беше сè потежок од претходниот.
Мојот непријател - храната стана моја утеха, мое рамо за плачење… Секогаш кога ми требаше утеха, храната беше тука.
Сè до тој ден кога си поставив едно прашање што ми го смени животот. Дали моите 131 килограми се љубов? Дали моите несоници и тешкотии во желудникот се љубов?
Одговорот го знаев, но решение немав.
Тогаш, во мојот живот се појави една личност, една жена што најверојатно ме сакаше повеќе од што се сакав јас самата себеси.
Застана пред мене и како да знаеше кои прашања ме мачат, само во неколку минути на кратко ми ги даде одговорите и решенијата…
Само по два месеци од разговорот и нејзината огромна поддршка, јас бев полесна за 16 килограми.
Мојата здравствена состојба стануваше сè подобра и подобра, мојот живот се поубав и посреќен.
Еве ме денес со минус 50 килограми. Заљубена во сама себе, здрава и полна со живот.
Жената што се појави и ми го спаси животот е Ангела, мојот нутриционист и сега веќе пријател, буквално дел од мене.
Ангела сакам да ти кажам едно огромно благодарам, што ме сакаше повеќе од јас самата себеси и што ми го покажа патот до успехот“.
Кликнете за да го видите видеото:
https://www.instagram.com/p/DCGlhzXMxS8/
С. С. | Црнобело