Ракометарот Филип Кузмановски ќе стане татко - сопругата Моника објави трудничка фотосесија
- Детали
- понеделник, 21 октомври 2024
Сопругата на нашиот ракометар сподели неколку фотографии на Инстаграм и откри дека таа и Филип овој октомври ќе станат родители.
Ракометниот репрезентативец Филип Кузмановски и неговата сопруга Моника, го чекаат своето прво бебе.
Моника на својот Инстаграм профил објави фотосесија на која го покажа голото трудничко стомаче.
Таа и Филип позираат со „лист од весник“, на кој има фотографии од ултразвук и пишува дека бебето ќе се роди овој октомври.
„Нешто печевме (We’ve been baking something)“, напиша таа на фотките, по што следеа бројни честитки од нивните пријатели.
Ракометарот и неговата сопруга ја криеја веста за бременоста од јавноста.
Тие ретко споделуваат дел од својата приватност преку социјалните мрежи и важат за многу затворен пар.
Филип, кој веќе неколку години игра за екипата на Hanover и Моника се верија во 2019 година, а ракометарот ја запроси својата сакана на денот на нејзиниот 23-ти роденден.
Истата година се венчаа, а брзо потоа направија и голема свадба со многу пријатели.
Прочитајте и Моника за свадбената бајка со ракометарот Филип Кузмановски: „Првиот танц и огнометот нема никогаш да ги заборавам“
A. J. | Црнобело