Денес се слави Светиот апостол Филип, денот познат и како божиќни поклади

Денес се слави Свети апостол Филип. Именден слават сите што го носат неговото име, а воедно овој ден е познат и како „божиќни или филипови поклади“ – денот пред да започнат 40-дневните божиќни пости.

se-slavi-svetiot-apostol-filip-denot-poznat-i-kako-bozhikjni-pokladi-01.jpg

На денешен ден (27.11) православните христијани го слават празникот посветен на Светиот апостол Филип, кој се врзува со почетокот на божиќниот пост, кој уште се нарекува и божиќни поклади, односно денот кога се организира гозба пред почетокот на прочистувањето.

Празникот Свети апостол Филип е последен празник пред да започне 40-дневниот божиќен пост, период во кој верниците се чистат себеси со покајание, молитва и со чисти срца да го дочекаат денот на Рождеството Христово.

se-slavi-svetiot-apostol-filip-denot-poznat-i-kako-bozhikjni-pokladi-02_copy.jpg

Овој ден исто така е познат и како „божиќни или филипови поклади“, а во минатото се сметало дека ова е ден за прошка и за веселба, па се организирале големи гозби.

Светиот апостол Филип ревносно го проповедал Евангелието во Азија и во Грција, каде Евреите сакале да го убијат, но Бог го спасил со моќни чуда. Така, еврејскиот архијереј кој сакал да го тепа Филип одеднаш ослепел и целиот почнал да поцрнува.

se-slavi-svetiot-apostol-filip-denot-poznat-i-kako-bozhikjni-pokladi-04.jpg

Во друга пригода имало силен земјотрес и земјата се отворила, па ги проголтала гонителите на Филип.

Во Фригискиот град Јерапол, свети Филип дејствувал заедно со свети Јован Богослов, со својата сестра Маријамна и апостолот Вартоломеј.

se-slavi-svetiot-apostol-filip-denot-poznat-i-kako-bozhikjni-pokladi-05.jpg

Таму имало некоја опасна змија, којашто незнабошците грижливо ја хранеле и ѝ се поклонувале како на Бог.

Божјите апостоли со молитва ја умртвиле оваа змија, а со тоа врз себе го навлекле гневот на помрачените луѓе.

se-slavi-svetiot-apostol-filip-denot-poznat-i-kako-bozhikjni-pokladi-06.jpg

По ова, Филип и Вартоломеј биле обесени на дрво. Луѓето побрзале да им помогнат, но успеале да го спасат само Вартоломеј, додека Филип починал. Неговите мошти биле пренесени во Рим.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg