„Бев на забавата по повод 17-тиот роденден на Бекстејџ - Скопје пулсираше од убава енергија“
И награда која дефинитивно мене ми остави најсилен впечаток е наградата „Жена борец за 2024“ која ја доби нашата Весна Петрушевска.
Жена, која цел живот поместува граници во Македонија, и жена која го направи тоа дури и во најтешките мигови кога борбата со ракот преку фотографија од нејзините лузни во пределот на градите ја покажа пред цела јавност.
Овој потег може да го направи само силна жена, само жена која битките во животот ги води сама, но ги споделува со сите, односно јавно говори за да ги охраби другите.
Браво Весна! Среќни сме што те имаме... Така се прави тоа жено, кралице.
На настанот беа и оние кои некако прво ненаметливо, а сега страшно интензивно се наметнаа во нашиот јавен живот со своето влијание, како јутјуберот Стефан Лазаров, кој доби награда за поткаст на годината.
Награда за балканска инфлуенсерка на годината доби Тара Ристиќ, која на сцената се појави со татко ѝ, човекот кој е во голема мерка заслужен за нејзината слава, затоа што таа забавните видеа ги снима токму со него.
Во публиката беа и Павле Камилоски, Мартинијан Кириловски, Тамара Волческа и низа други наши познати личности.
Со пијалак во рака и добра енергија се славеше во ресторанот „Дион“ на отворено до полноќ.
Среќен роденден Бекстејџ и уште многу години да ни ги освежувате ТВ екраните.
Самата бројка 17 е доказ дека сте завршиле добра работа во изминатите години и пехар за сработеното. Продолжете така!
Прочитајте и Мартија издоминира во црно, некогашниот модел Маја Глигоровска провокативна: Модата на 17-тиот роденден на Бекстејџ
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело