Весна Петрушевска откри дека има рак на дојка: „Не сакам никој да ме сожалува“

„Мојата дијагноза е од средината на април оваа година. Се работи за рак на дојка, имав две операции“, раскажува Весна Петрушевска во видео споделено на Инстаграм.

vesna-petrushevska-otkri-deka-ima-rak-na-dojka-ne-sakam-nikoj-da-me-sozhaluva-01.jpg

По објавата на Инстаграм со која алудираше на тоа дека има рак, Весна Петрушевска ја потврди дијагнозата.

Во видео споделено на Инстаграм, Весна открива дека ја добила дијагнозата во април.

„Имам рак, па што - живејте си го животот, еден е“, стои во описот на објавата.

vesna-petrushevska-otkri-deka-ima-rak-na-dojka-ne-sakam-nikoj-da-me-sozhaluva-02.jpg

„Овој лајв ќе го оставам на мојот Инстаграм затоа што треба да ви кажам нешто. Затоа што секогаш сум била општествено одговорна. Општествено одговорна за ментално здравје, општествено одговорна за животот и општеството во коешто живееме и каде што сме сите сведоци.

И ако не си општествено одговорен тогаш не можеш ни да се бавиш со јавна професија...

Значи, која ќе ја добиеш веста дека ти имаш дијагностицирано рак, тоа значи дека првата мисла што ќе ви падне на памет е дека вашето време некако станува одброено.

Значи, некако, вашиот почеток почнува да има и крај. Што не мора да значи дека е така. Јас се обидов само поради мојата ментална состојба да не го кажувам тоа.

Инаку мојата дијагноза е од средината на април оваа година. И тоа никој не можеше да забележи затоа што јас во меѓувреме настапив со 30 деца на 'Глумците пеат', бев во Битола…

Затоа што прво сум борец, второ - не сакам да кукам, трето - мразам патетика и четврто - можеби најважно од сè е што не сакам никој да ме сожалува, и тоа е нешто што е дел од мене.

Другиот момент што е многу важен е дека секогаш кога се соочувате со оваа работа, тоа е дека останувате сами. И, не ви треба во тој момент баш никој да се грижи за вас затоа што секое подигнување на веѓа или некое затрпекување… мене барем ми пречи.

И иако сум човек којшто многу помагал и ќе помагам, за мене почувствував дека тоа не ми е потребно во овој момент…

Се работи за следново, имав две операции. Значи, се работи за рак на дојка.

Тоа значи дека минатата година кога јас се оперирав, кога доктор Огнен ми ја извади жолчката, тогаш се направив систематски преглед каде што на десната града ми рекоа… вели имате една фиброза којашто треба да се следи.

И таа јас ја следев одвреме-навреме, но реално колку тоа и да звучи смешно и парадоксално и многу апсурдно, но како што спиев, едно од кучињата ми скокна баш на десната града и толку ме заболе што другиот ден му се јавив на мојот добар другар, мојот спасител Огнен…“, раскажува Весна, меѓу другото.

Водителката вели дека ѝ била направена мастектомија на десната страна, односно имала две операции во период од 45 дена, во приватна болница.

Целото видео можете да го погледнете во продолжение:

View this post on Instagram

A post shared by Vesna Petrushevska (@vesnapetrushevska)

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg