Зоки Фаци слави роденден во Турција откако дозна дека туморот метастазирал: „Ова е нов почеток“
- Детали
- сабота, 31 август 2024
„Нека ми е среќен првиот роденден во еден нов почеток. Ви го посветувам на сите вам, илјадници километри далеку од мојот дом, но со полно срце љубов од сите вас“ - напиша Зоки Фаци на Инстаграм.
Новинарот Зокран Василевски, познат како Зоки Фаци, денес слави роденден.
Но, наместо дома со саканите и пријателите, тој роденденот го слави во Истанбул, каде што чека да биде опериран од рак.
Точно на полноќ, Зоки на Инстаграм Стори објави дека му е роденден:
„Нека ми е среќен првиот роденден во еден нов почеток. Во животот навлегов со крената глава, по патот сретнав многу луѓе, но човечност им недостасуваше.
Овој роденден ви го посветувам на сите вам, илјадници километри далеку од мојот дом, но со полно срце љубов од сите вас“.
Откако изминатиот период се собираа пари за негово лекување, Зоки пред една недела замина на испитување во Турција и веќе требаше да биде опериран.
Но, Стефан Лазаров преку Фејсбук откри дека операцијата е одложена бидејќи состојбата на Зоки се влошила, дека туморот сега е поголем од 30cm и дека метастазирал на коски.
„Докторите велат дека ќе се спаси и Зочко мора да биде силен.
Да се молиме за него и да го поддржиме во најтешките моменти“, напиша Лазаров.
Прочитајте и Зоки Фаци ќе оди на операција во Истанбул: „Исплашен сум, ова ми е трета операција – но се обидувам со добра мисла да победам“
А. Ј. | Црнобело