Дарко Мијалковски прослави 19 години брак - Живее со сопругата хирург и двете деца во Австралија
- Детали
- четврток, 29 август 2024
„Славиме 19 неверојатни години заедно со мојата убава сопруга Марија Мијалковска, која е прекрасна мајка на нашите деца...“, гласи објавата на Дарко Мијалковски по повод 19 години брак.
Австралија му е дом на нашиот некогашен водител и музичар Дарко Мијалковски веќе години наназад.
Таму живее со својата сопруга Марија, пластичен хирург по професија, и нивните две деца, како и миленикот Алфи.
За себе тој вели дека е дигитален артист, видео продуцент, веб дизајнер, пијанист и текстописец.
Дарко, кој е син на музичарот Драган Мијалковски, ретко открива детали од приватноста, но специјалните мигови сака да ги обележи, па така на својот Инстаграм профил со фотографија од сопругата неодамна ја прослави годишнината од брак.
Неговата објава гласи:
„Ретко пишувам, но денес е голем ден и имам специјална причина за тоа.
Денес (28.08) славиме 19 неверојатни години заедно со мојата убава сопруга Марија Мијалковска, која е прекрасна мајка на нашите деца.
За нас, за нашата љубов и за уште многу години заедно исполнети со радост, смеа и бескрајна љубов“.