Шеф Марк го прослави роденденот со сопругата на егзотично патување во Бали
- Детали
- среда, 21 август 2024
По патувањето во Мароко, готвачот Марк Де Јонг и неговата сопруга Василка заминаа на патување во Бали, каде го прославија и неговиот роденден. Погледнете повеќе фотографии и видеа од нивните авантури.
Готвачот Марк Де Јонг, кого имавме можност да го запознаеме како еден од главните готвачи во шоуто „Брза кујна“, годинава слави три години брак со сопругата Василка, а неговиот роденден го прославија во бич клуб на егзотична дестинација.
Марк и Василка уживаат со коктели и со вкусната храна со морски плодови.
„За мојот роденден...“ – напиша Марк до фотографиите на француски јазик.
До објавата следуваа голем број честитки од неговите пријатели и обожаватели.
Инаку, пред да отпатуваат во Бали, Марк и Василка беа на патување во Мароко, од каде споделија кратко видео:
За потсетување, Марк Де Јонг стапи во брак со сопругата Василка во јуни 2021-ва година, кога тие двајца направија скромна веселба за најблиските.
За оние што не знаат, Марк Де Јонг е Белгиец со македонско потекло, а во една пригода откри дека во Македонија дошол за да го исполни аманетот на неговата баба која од него побарала еден ден да се врати и да ја запознае земјата од каде што потекнуваат неговите предци.
Љубовта кон готвењето ја наследил од татко му, кој по 11 години работа како полицаец одлучил да отвори ресторан во Белгија.
Во продолжение погледнете повеќе видеа и фотографии од патувањето на Марк и Василка:
Б. С. Б. | Црнобело