Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео)
Тој порача шише вино во соба, но тоа не ми беше чудно затоа што често знае да ми направи романтична вечера и кога сме дома. Имаше купено свеќи и ми кажа дека не мора да палиме светло на тераса.
Го пушти телефонот да снима и ми рече да застанам дека сака да се приклучи во видеото после мене.
Јас имам навика да се снимам, па ни тоа не ми беше чудно. Се доближи и ми рече 'Ме сакаш?'. Потоа клекна на колена и ме праша: Te quieres casar conmigo? или 'Ќе се омажиш ли за мене?' на шпански.
Бев изненадена, како секое девојче во мислите имав спремна реакција кога ќе дојде денот, но реалноста е дека во тој момент забораваш на сè.
Единствениот збор што можев да го изговорам беше 'ДА'!
Јас често знаев да се пошегувам на тема запросување, во смисла El anillo pa cuando? (а прстенот кога?)
И, иако очекував дека кога-тогаш ќе се случи, навистина бев многу изненадена. Емоциите ме совладаа и имаше солзи радосници.
Прстенот ми е точен. Како да сум била јас да го бирам.
Диме излегол со двајца другари, во златарата влегол сам и сам го одбрал, а изборот траел околу 10 минути.
Инаку, тој имаше трема при запросувањето, но вешто ја криеше од мене, па затоа не се посомневав во ниеден момент.
Ми кажа дека нозете 'му играле' малку. А, имаше солзи радосници и од негова страна.
По запросувањето, прво им пуштив видео на моите најблиски другарки кои од првиот ден веруваа дека сме еден за друг.
Првиот видеоповик беше со неговите родители кои беа на роденден кај тетка на Диме, па целата фамилија беше собрана.
Потоа следеа честитки од колеги, пријатели, познаници...
Околу свадбата сè уште не сме размислувале посериозно, можеби наредно лето, прослава на отворено со фамилиите и нашите најблиски пријатели.
И, микс на македонска и шпанска музика“.
Погледнете го видеото:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело