Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео)

„Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтична вечера и дома. Купил свеќи и рече дека не мора да палиме светло на тераса. Се доближи и ме праша: 'Ме сакаш?'. Потоа клекна на колена и продолжи на шпански: Te quieres casar conmigo?“, вели Стефани од Неготино за романтичното запросување во Тунис.

dime-od-prilep-ja-zaprosi-sakanata-stefanija-pod-dzvezdenoto-nebo-na-tunis-video-01.jpg

Стефани Ратковиќ (27) од Неготино и Димитар Димитровски (26) од Прилеп, живеат и работат во Шпанија, во градот Ваљадолид.

Стефани предава англиски јазик во приватна академија и држи онлајн часови по шпански јазик, а Димитар е професионален ракометар во Recoletas Atletico Valladolid.

dime-od-prilep-ja-zaprosi-sakanata-stefanija-pod-dzvezdenoto-nebo-na-tunis-video-07.jpg

По скоро 4 години врска, Димитар клекна на колено додека беа на одмор во Тунис и ја побара Стефани за сопруга, а таа прифати и ја сподели својата возбуда со пријателите на Инстаграм, каде што и објави видео од запросувањето.

dime-od-prilep-ja-zaprosi-sakanata-stefanija-pod-dzvezdenoto-nebo-na-tunis-video-08_copy.jpg

За нивната љубовна приказна, која ја градеа и во Македонија, а потоа и во странство, но и за романтичниот момент кога Димитар ја изненади со прекрасен прстен, Стефани раскажа за CRNOBELO.com:

„Со Димитар сме во врска три години и девет месеци. Првиот контакт ни беше преку Инстаграм, каде тој ме додаде и прв ми пиша.

Се допишувавме некои 3-4 месеци пред првпат да се видиме во живо, бидејќи во тоа време јас бев во Хрватска и таму живеев околу 5 месеци.

Немав некои големи очекување, морам да бидам искрена, но со првиот 'дејт', ме освои целосно.

dime-od-prilep-ja-zaprosi-sakanata-stefanija-pod-dzvezdenoto-nebo-na-tunis-video-02.jpg

Димитар во тој период играше во ракометниот клуб 'Вардар' во Скопје, а јас ја завршував последната година на факултет.

По околу 5 месеци врска, тој доби понуда да игра во клуб во Романија, а јас само што завршив со испитите за осигурителен брокер и требаше да почнам со работа.

Разговаравме што понатаму и иако беа поминати само 5 месеци, се согласивме дека се гледаме заедно во иднина и дека ќе работиме на нашата врска. Јас оставив сè и решив да одам со него.

dime-od-prilep-ja-zaprosi-sakanata-stefanija-pod-dzvezdenoto-nebo-na-tunis-video-10.jpg

Не многу подоцна, планот се смени од Романија во Битола, бидејќи тој потпиша договор со ракометниот клуб 'Еурофарм Пелистер 2'.

Таа година беше вистински предизвик за нас. И двајцата првпат живееме со партнер и требаше време, трпение и многу разговор додека да ги осознаеме на навиките што секој ги има.

Со разбирање и компромис, сè е полесно.

По една година помината во Битола, се преселивме во Ваљадолид во Шпанија каде живееме веќе две години.

Јас уште од мала го обожавав шпанскиот јазик и сама научив да го зборувам, па кога Диме ми кажа дека се селиме во Шпанија, буквално скокав од среќа.

dime-od-prilep-ja-zaprosi-sakanata-stefanija-pod-dzvezdenoto-nebo-na-tunis-video-03.jpg

Со оглед на тоа дека живееме заедно повеќе од три години, знаев дека следен чекор е запросувањето, но искрено не очекував дека ќе биде сега.

Имаме во план патување на Канарските Острови, и мислев дека таму ќе се случи. Но, ме изненади во Тунис.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
„Бев на забавата по повод 17-тиот роденден на Бекстејџ - Скопје пулсираше од убава енергија“ На Скопје му беше потребен настан од овој тип! Со црвен тепих, тематска забава, ...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg