Каролина Гочева и сопругот уживаат на Доломити: Прегрнати покрај камин под ѕвезденото небо на Италија (видео)
- Детали
- среда, 17 јули 2024
Во еден од последните кадри во видеото, Михаил е покрај камин, а потоа двајцата со Каролина се насмеани и прегрнати под ќебе, под ѕвезденото планинско небо на италијанските Доломити.
Откако на 1-ви март Каролина Гочева ја почна својата турнеја низ Македонија и секој месец има и по неколку концерти во различни градови во земјава, таа најде време и за одмор.
Пејачката неодамна беше на Доломити, планински венец во североисточниот дел на Италија.
Таму уживаше во друштво на сопругот, уметникот Михаил Корубин, и нивна пријателка.
По враќањето, Каролина на својот Инстаграм, објави кратко видео од патувањето и сподели неколку моменти со своите следбеници.
„Јули“ напиша едноставно таа, а снимката ја дополни со хитот на Арета Френклин, I Say a Little Prayer.
Во видеото се гледа како Каролина ужива на базен, вежба во фитнес центарот, се шета низ планинското место со сопругот и другарката, откри и дека со Михаил изнајмиле велосипеди и возеле по планината, а се снима и додека пие коктел Bloody Mary.
Во еден од последните кадри во видеото, Михаил е покрај камин, а потоа двајцата со Каролина се насмеани и прегрнати под ќебе, под ѕвезденото планинско небо.
Погледнете го видеото и повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело