Тамара емотивна на 6-годишнината од смртта на Влатко Илиевски: „Очајно си ми потребен“
- Детали
- понеделник, 08 јули 2024
„6 години непребол. 6 години без мојот најдобар другар“, напиша Тамара и се потсети на Влатко Илиевски на годишнината од неговата смрт.
Тамара Тодевска никогаш не ја прежали смртта на својот најдобар другар, пејачот Влатко Илиевски.
На 6-годишнината од неговата смрт, таа, како и секоја година, сподели заедничка фотка со емотивна порака.
Овој пат, пејачката избра фотографија која е направена на еден од нивните настапи.
„6 години непребол. 6 години без мојот најдобар другар.
Влатче, очајно си ми потребен“, напиша таа.
Претходните години, Тамара на годишнината од смртта на Влатко се сеќаваше на нивните дружења, времето поминато заедно.
Таа на двегодишнината од неговата смрт објави и фотографија од Влатко со ќерка ѝ, па напиша дека иако Хана нема да се сеќава на нивната средба, таа секогаш ќе ѝ раскажува приказни за него.
Влатко почина на само 33 години на 6 јули 2018-та година. Тој беше познат како рокерот со мека душа и неговата смрт многумина ги остави во неверување.
Со неговото заминување, македонската сцена загуби уште еден голем талент и одличен музичар.
Потсетете се на нивната заедничка песна:
А. Ј. | Црнобело