Таско и синот во ист аутфит, сопругата згодна трудница: Нови фотки од роденденот на Лукијан (1)
- Детали
- среда, 26 јуни 2024
„Прекрасно семејство“, „Преслатки“, „Среќен роденден сонце“, се дел од коментарите што ги добија Таско и Наташа на Инстаграм, на фотките од роденденот на синот.
Музичарот Христијан Тасковски - Таско и неговата сопруга Наташа на 22 јуни направија голема забава за првиот роденден на синот Лукијан.
Неколку дена по роденденот, тие заеднички ги споделија фотките на своите профили на Инстаграм.
„Големата единица“, стои во описот на фотографиите на кои Лукијан е „главен“.
Малото момче беше дотерано во бела кошула со црни бермуди, црно-црвени патики и црвена марама врзана околу вратот, а потполно исто беше облечен и Таско.
Наташа, пак, за роденденската прослава избра тесен фустан со животински принт кој го истакна нејзиното трудничко стомаче.
„Прекрасно семејство“, „Преслатки“, „Среќен роденден сонце“, се дел од коментарите на Инстаграм.
Лукијан е првото дете на Наташа и Таско. Тие во септември ќе добијат ќерка.
Полот на второто дете, но и бременоста на Наташа ја открија неодамна, кога на Инстаграм објавија видео на кое се гледаат снимки од ултразвукот и торта која беше розова во внатрешноста - асоцијација за девојче.
Повеќе фотки од роденденот на Лукијан:
Прочитајте и Таско за татковството: „Најстресно ми беше кога Лукијан првпат се разболе“
А. Ј. | Црнобело