Перо Антиќ и Сања Ристиќ со синовите на одмор во Анталија: Гледаат ајкули, хранат риби, пливаат во базен
- Детали
- сабота, 15 јуни 2024
„Те сакам“ – му порача Сања Ристиќ на нејзиниот партнер Перо Антиќ со кого во моментов е заедно на одмор во Анталија. Парот ужива заедно со нивните деца од претходните бракови.
Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија Перо Антиќ и неговата девојка Сања Ристиќ заминаа на заеднички одмор во Анталија, Турција, а заедно со нив се нивните синови од претходните бракови.
Сања Ристиќ на Инстаграм сподели повеќе фотографии и видеа од нивната прошетка низ аквариумот во Анталија, каде што имале можност да се запознаат со морските животни, но и да се забавуваат.
Освен видеата од аквариумот, Перо сподели и кратко видео на кое го учи синот да плива во базен, но и заедничка фотографија со Сања на која прикачи црвено срце, а таа откако ја сподели истата фотка на нејзиниот профил, кратко му порача:
„Те сакам!“
Прочитајте и Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“
Погледнете повеќе фотки од одморот на Перо и Сања во Анталија:
Б. С. Б. | Црнобело