Сања Ристиќ емотивна за роденденот на синот: „Ова дете може да ме расплаче со една реченица“

„Да си ми најсреќен, среќен роденден“ – напиша меѓу другото Сања Ристиќ до фотките од роденденската прослава на нејзиниот син Иан. Нејзиниот дечко Перо Антиќ прв му честиташе во коментарите под фотките.

sanja-ristikj-emotivna-za-rodendenot-na-sinot-ova-dete-mozhe-da-me-rasplache-so-edna-rechenica-01.jpg

Сања Ристиќ која во моментов работи како менаџер на семејна компанија и е во врска со претседателот на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, на својот Инстаграм профил објави фотографии од прославата на осмиот роденден на нејзиниот син Иан.

sanja-ristikj-emotivna-za-rodendenot-na-sinot-ova-dete-mozhe-da-me-rasplache-so-edna-rechenica-02.jpg

Таа на синот му приредила тематска забава во локал со фудбалски терен како и торта со фудбалска топка и со знакот на неговиот омилен фудбалски тим - Real Madrid.

„Ова дете, што може од среќа да ме расплаче со една реченица, што умее денот да ми го разубави во секунда, што знае најубаво да гушне и што има очиња што најубаво се смеат, денес наполни 8-мица цела!

Да си ми најсреќен мама мој, среќен роденден“ – му порача таа на синот.

sanja-ristikj-emotivna-za-rodendenot-na-sinot-ova-dete-mozhe-da-me-rasplache-so-edna-rechenica-07.jpg

Под фотографиите во коментарите, меѓу првите се огласи нејзиниот сегашен дечко Перо Антиќ, кој кратко напиша:

„Жив, здрав лепотанот“.

sanja-ristikj-emotivna-za-rodendenot-na-sinot-ova-dete-mozhe-da-me-rasplache-so-edna-rechenica-06.jpg

sanja-ristikj-emotivna-za-rodendenot-na-sinot-ova-dete-mozhe-da-me-rasplache-so-edna-rechenica-04.jpg

Инаку, Сања и Перо се во врска во последниве неколку месеци и редовно објавуваат заеднички фотки и не ја кријат љубовта.

Во јануари тие за првпат објавија заедничка фотка во пижами и ги потврдија гласините дека се во врска.

sanja-ristikj-emotivna-za-rodendenot-na-sinot-ova-dete-mozhe-da-me-rasplache-so-edna-rechenica-08.jpg

Освен што отворено ја искажуваат својата љубов еден кон друг, тие двајца неодамна беа заедно на островот Родос во Грција заедно со нивните деца од претходните бракови.

За потсетување, Перо има 3 сина од претходниот брак, додека Сања има два сина.

Прочитајте и Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Сања Ристиќ се пофали со новиот пирс посветен на Перо Антиќ: „Го живееме најубавиот живот“ „Уживам во животот со Сања Ристиќ“, напиша Перо Антиќ, а неговата девојка, пак, ...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg