Предновогодишна дружба: Тони Зен и Слаткар со синовите во домашна атмосфера (фото)
- Детали
- среда, 20 декември 2023
Слаткар и Тони Зен, кои се дружат и соработуваат повеќе од 20 години, објавија слатки фотографии од синовите, па покажаа дека и нивните наследници се дружат.
Едни од најпопуларните македонски рапери, Тони Зен и Марко Маринковиќ - Слаткар, објавија фотографии со децата и покажаа како нивните синови, Јасен и Моша, се забавуваат, но и дека тие не се во кавга.
Со фотките ги изненадија фановите, бидејќи и двајцата музичари ретко споделуваат фотографии од децата и многу малку зборуваат за приватниот живот.
„Јасен и Моша, Тони и Марко“, напиша едноставно Тони Зен, кој ги сподели фотографиите на Инстаграм.
Музичарите и нивните деца се дружеа предновогодишно во домашна атмосфера. Па, додека Јасен и Моша гледаа цртани филмови, јадеа чоко-топчиња со млеко и си играа, родителите мезеа и се забавуваа.
Со ова, познатите музичари покажаа дека се во добри односи и дека не се скарани како што долго време се зборуваше во јавноста.
Неодамна гласините за недоразбирањата меѓу нив ги демантираше и Тони Зен, кога на својот Инстаграм објави стара фотографија со Слаткар, направена на еден од нивните настапи во дискотека во далечната 2007 година, кога беа на врвот на популарноста.
Претходно и во интервју, Слаткар зборуваше за еден од своите први големи настапи во кариерата, во скопскиот клуб „Вулкан“ во 2002 година и се сети на дружењето со Тони Зен, токму пред да влезат во клубот на настапот.
А. Ј. | Црнобело